Битлси имаат нов спот

Се разбира дека не, тоест дека не баш. Се работи за гважно-анимирана визуелизација на „I'm Only Sleeping“, една од носечките песни на нивниот култен албум Револвер кој неодамна на интересен начин беше ремастеризиран. Слушајте Битлси, се работи за основна хигиена на слушниот апарат.

Претходно од Револвер беше направен спот и за песната Taxman.

За тоа како се успеало дигитално да се ремастеризира албум сниман со повеќе инструменти на еден канал пишувавме во „Вештачката интелигенција ни го даде „новиот“ Револвер од Битлси

Торентот за обновеното издание на Револвер го имате овде.

 

3 ноември 2022 - 10:01