Зборувајќи на SXSW, Шмит објаснил дека мобилните телефони и конективноста, ќе извршат најголемо влијание на револуциите, а посебно ќе направат тие да бидат лесни за започнување и тешки за задушување.
Според Шмит малку е веројатно дека во иднина во вакви ситуации владите ќе се обидат да го исклучат интернетот, пред се затоа што тоа прави тие да изгледаат "уплашени," што од друга страна ќе охрабри повеќе луѓе да излезат на улица. Наспроти ова, тој смета дека властите се повеќе ќе се обидуваат да бидат дел од интернет популацијата и таму да имаат влијание.
Во разговорот учестува и Џаред Коен, директорот на Гугл Идеи, кој спомнува дека за време на неодамнешната посета на Сирија, дознал дека војската имала повеќе контролни точки на кои минувачите морале да ги дадат своите телефони, заедно со лозинките за социјалните мрежи, за овие да можат да проверат кој што пишувал и кој кого следи.