Вол стрит журнал тврди дека Бут, кој, во веројатно најдобрата зделка што Русија ја направиле со САД, пред две години беше разменет за американска кошаркарка, сега работи на продажба на лесно оружје на Хутите во Јемен.
„Кога претставници на Хутите пристигнаа во Москва во август за да преговараат за купување на автоматско оружје во вредност од 10 милиони долари, таму беа пречекани од познато лице: мустаклијата Бут,“ пишува ВСЖ.
Наводно оружјето од оваа зделка допрва треба да биде испорачано, а преговорите стигнале на чекор од продажба руски против-бродски и против-авионски ракети на Хутите.
По враќањето во Русија во декември 2022, Бут стана член на Либерал демократската партија, меѓутоа релативно се држи на страна од јавноста.
Пред неговото апсење во Тајланд во 2008 заради повеќе обвиненија за трговија со оружје, тој беше еден од најбараните луѓе на светот. Во 2012 во САД тој беше осуден на 25 години затвор.
Речиси две децении Бут беше главниот дилер на оружје во светот, продавајќи на секој што ќе му го побара, без разлика на нивната озлогласеност и бескрупулозност, од Африка и Азија до Јужна Америка.