Службениот таблет на Газпром од 3 милиони долари

По цела година дизајнирање, во август ЦЕО-то на Газпром, Алексеј Милер, ќе добие официјален и уникатен Газпром таблет базиран на иОС оперативниот систем на Епл и по цена од 3 милиони долари.

Цената е неспоредливо голема (за овие пари имаш 6.000 нови Ајпади) ама оправдание за трошокот е што уредот е екстремно безбеден и во основа е работна станица од која Милер може да ја мониторира и контролира работата на цел Газпром.

Таблетот се подига во рок од 5 секунди, има поддршка за 3Г, ГПРС и ВиФи. Во случај на хардверска грешка, максималното време на решавање на проблемот е 4 часа. Дополнителни технички спецификации не се познати.

И покрај "екстремната безбедност" таблетот ќе има ограничен пристап до тајните податоци на компанијата, не дека не му веруваат на човекот, туку затоа што (како и во секоја мамутска корпорација) и тука систем администраторот има воведено забрани (кои важат и за најблиските луѓе на Путин) со кои се регулира кој и како може да пристапи до фајловите на компанијата.

31 јули 2014 - 09:55