Размената на затвореници веќе е завршена, најверојатно во Абу Даби, а е одобрена од Бајден во изминатите неколку дена. Американската администрација уште од јули годинава ја предлага трампата. Бајден на Твитер напиша дека се слушнал со Грајнер и дека таа е на слобода и се чувствува добро.
Бут, со прекар „Трговец на смртта“, до сега отслужи 12 од вкупно 25-те години што требаше да ги лежи во американски затвор.
Грајнер, кошаркарка на ВНБА која во меѓусезона игра и во Русија, на 17 февруари годинава беше уапсена на аеродромот во Москва откако и била најдена електронска цигара наполнета со масло од канабис, кое е забрането во Русија.
Откако се изјасни како виновна пред судот во Москва, Грајнер беше осудена на 9 години затвор.
Во првичниот предлог за трампа САД бараа во пакет со Грајнер да биде ослободен и поранешниот американски маринец Пол Вилан, кој лежи затвор во Русија заради шпионажа. Тој не се споменува во соопштението за ослободување на Грајнер.
Кариерата на Бут беше инспирација за филмот „Господар на војната“: