Криминалците главно успеваат да ја направат измамата преку Програмата за заштита на платите кај малите бизниси и уште една програма за помош за невработени.
Од 100-те милијарди до сега се вратени 2,3 милијарди и за овие пари уапсени се 100 осомничени од поединци до организирани групи. Меѓу вратените пари стотици милиони доаѓаат од финансиски институции кои со време биле предупредени дека се случуваат измами со парите од ковид помошта. Компании како Грин дот и Пејпал имаат вратено околу 400 милиони долари на американската влада.
Координаторот од Тајната служба одговорен за истрагата со 29-годишно искуство, изјавил дека „до сега нема видено измама со ваков обем“. Во врска со измамите околу средства од пандемијата, Тајната служба во моментов има над 900 активни истраги.
Главното објаснување на властите е дека сумата стигнала до 100 милијарди долари, затоа што целата процедура за добивање помош била крајно олеснета за помошта да стигне до што е можно повеќе луѓе.
Американската влада на почетокот од 2020 подели 3.500 милијарди долари како пари за помош за ковид.