Германскиот суд на ревизори (Bundesrechnungshof) побара од Бундесбанк под итно да изврши контрола на резервите на злато. Проблемот е не се сигурни дека речиси 3.400 тони злато навистина постојат, бидејќи "количините никогаш не се проверени заради автентичноста, ниту се измерени."
Златото на Бундесбанк освен во Германија се наоѓа и во три сефови низ светот - во Англиската банка, во Француската банка и во Федералните резерви на САД.
Судот сега има проблем со праксата на користење на писмени потврди (од странските банки) за количината на злато, и сака физички пристап до златото за да го преброи.
Во меѓувреме Германија започна процес на враќање на златото од странство, со стапка од 50 тони годишно. Откако златото ќе стигне во Германија, тоа ќе се истопи за да се провери неговата чистота и потоа повторно се става во калапи.
Инаку целата паника настана минатата година кога група германски законодавци сакаше да ги провери златните полуги сместени во Banque de France во Париз. Локалните функционери не им го дозволија тоа, порачувајќи им дека не ги поседуваат просториите за да можат да влезат во сефовите.