Вечерва со музика и бесплатни коктели на шопинг до полноќ во Skopje City Mall

Skopje City Mall Ви го најавува големиот “Late Night Shopping“ со екстремни попусти и возбудлива програма, кои и оваа година ќе понудат одлична забава и поинакво шопинг искуство.

Late night shopping-от започнува денес од 18 часот и ќе трае сѐ до полноќ. За сите посетители кои нема да успеат да дојдат, Skopje City Mall се погрижи попустите да продолжат преку целиот викенд. Намалувањата ќе се движат и до -70% на одредени парчиња во над 130 брендови. Дел од учесниците се: Zara, Bershka, Mango, Stradivarius, Fashion&Friends, Peko, Timberland, Pull & Bear, Terranova, Nike, Adidas Store, Mona, JYSK, AMC, Anhoch, Lacoste & Tommy Hilfinger, Koton, Tom Tailor, BS Sport, Nine West, Orsay и многу други. Целосната листа и информации може да ги погледнете на www.skopjecitymall.mk/lns.

За време на настанот ќе настапуваат неколку бендови и диџеи кои ќе се грижат за убавата и весела атмосфера. Сцената во 18 часот ќе ја отвори младиот состав “Без пардон“, а по нив ќе настапат Dj Тоше придружуван од Бока конга, па ќе следи проектот “Latins“ на уникатниот саксофонист и DJ Боби, а по него ќе настапи групата “Метаверсус“. Настанот ќе го заокружи “DJ Leon“ со одличен избор на house музика.

Тимот од Skopje City Mall ќе ги освежува посетителите со бесплатни коктели со секоја приложена фискална сметка од над 500 денари. Покрај попустите и забавата со коктели, најинтересната активност што овој пат ја организираа од трговскиот центар е Style hunting-от. Модната патрола составена од четири модни блогери (Majestic by Alex, Aleksandrina Vezilka, Aesthetics illustrated и After Two Five, Jovana Zuka), за време на настанот ќе патролира низ трговскиот центар и ќе “лови“ стилски облечени посетители кои ќе треба да се фотографираат. На крајот од вечерта, Skopje City Mall ќе награди едeн машки и еден женски стил на вечерта со ваучер од брендот Signori и фустан од македонски дизајнер.

"За нашиот тим Late Night Shopping е голем предизвик, имаме изградено одличен имиџ за овој настан, секоја година настојуваме да биде подобар и пософистициран, a сигурни сме дека оваа година ќе биде еден од најуспешните заради бројот на закупци кои ќе учествуваат со попусти, богатата и разновидна музичка програма, како и вредните подароци кои ќе ги доделуваме за најдобрите стилови и за точно одговорените прашања". - изјави Дарко Панчевски од маркетинг секторот на Skopje City Mall.

Истотака за време на настанот, ХЕПИ РАДИО 107.4 ќе зрачи од Skopje City Mall, со своја отворена програма, и за време на Late Night Shopping-от ќе се реализираат радио емисии на кои ќе гостуваат модни блогерки, музичари, ентузијасти и случајни минувачи. Радиото ќе може да се слуша на централниот аудио систем низ Skopje City Mall.

Skopje City Mall ги повикува сите кои се подготвуваат за летото да дојдат во трговскиот центар и да уживаат во забава и шопинг на попуст преку целиот викенд.

(комерцијален текст)

23 јуни 2017 - 12:39