Дента речиси секое дете и половина од возрасните ќе изедат бонбона, споредено со само 24% од популацијата во другите денови, стои во извештајот на компанијата за анализа на пазарот НПД. Според нивниот главен аналитичар, децата ќе изедат по четири бонбони за секоја една бонбона изедена од возрасен.
Според друго истражување, 72% од сите пари потрошени на бонбони за време на Халуин ќе бидат дадени на чоколади. Целата мината година, САД потрошија 12,6 милијарди долари на чоколади.
За годинешниот празник, 5-те најпродавани брендови се:
1. Reeses (Hershey)
- 509,85 милиони долари
2. M&M (Mars)
- 500,82 милиони долари
3. Snickers (Mars)
- 456,91 милиони долари
4. Hersheys (Hershey)
- 324,63 милиони долари
5. Kit Kat (Hershey)
- 306,51 милиони долари