Шолц стравува дека целосната национализација на германската филијала на Газпром ќе го разгневи Путин и ќе доведе до дополнителни проблеми со увозот на гас во претстојната грејна сезона.
Но и сегашното менаџирање на филијалата, во форма на старателство, почна да создава проблеми откако Газпром Германија почнаа да ја избегнуваат најголемиот дел од трговските партнери заради што таа заглави во проблеми со ликвидност. Најголемиот ризик е дека овие проблеми ќе доведат до колапс на големите препродавачи на гас во Германија и Британија, кои работеа под нејзе.
За спречување на колапсот германската влада одлучи да и позајми 10 милијарди евра на Газпром Германија, што ќе ја одржат ликвидна. Парите ги дава државната банка КФВ груп, а дел од сумата е планирано да се претвори во директен удел во компанијата според предвидената форма на старателство. Старателството кое требаше да трае до крајот септември е продолжено на неодредено време, а се очекува и промена на името на фирмата во „Securing Energy for Europe GmbH“.
Газпром Германија меѓудругото го поседува најголемиот склад за природен гас во Германија и има мрежа за глобално тргување пространета од Лондон до Сингапур.