Математиката е проста. Манчестер Јунајтед ќе имаше 13 бодови помалку и ќе беше три места подолу на 9-то место. Тоа се должи на срамниот придонес на останатите напаѓачи кои не се ни блиску до двоцифрен број на голови, за разлика од стариот кој игра како во млади дани.
Знаете ли дека Вејн Руни сезонава во Премиер лига има постигнато само еден гол и дека вториот стрелец на Манчестер има 4, а тоа се двајца Погба и Мата. Кој ли ќе даваше голови на Олд Трафорд ако не дојдеше Златан Ибрахимовиќ, кој во октомври наполни 35 години и е прв стрелец во Премиер лигата со 14 голови заедно со Диего Коста и Алексис Санчез. Ова се сите 20 за Јунајтед на сите натпреварувања.
Кога во една иста екипа ги имаш Кристијано Роналдо и Раул, Баџо и Дел Пјеро или Тоти и Дел Пјеро се знае каде може да се јави проблем. Во ефикасноста во никој случај, туку во тоа кој ќе ги земе 7-ка и 10-та. Проблемот се решавал со авторитет или попуштање.
Трејлер од документарецот „Becoming Zlatan“ со ретки снимки од деновите кога беше млад и се пробиваше почнувајќи од Малме, а претходно и Балкан, клуб формиран од мигранти од нашиве простори. Прецизни зборови за неговата моќ со топката користи и татко му.
Хенрик Михтарјан реши да ги поздрави навивачите на Манчестер Јунајтед од Јужна Кореа и да им честита празници. Ама пред да почне, зад сцената настапи кој друг ако не Златан.
Бесконечните суми во кинеската супер лига примамија суперѕвезди како Оскар, Халк, Тевез, но постојат играчи и тренери кои меѓу фудбалот и парите го одбраа фудбалот.
Единсон Кавани беше икона кај навивачите на Наполи. Италијанските новинари не престануваа со комплименти за него, а Уругваецот го воодушеви и Диего Марадона. Но во Париз налета на Златан Ибрахимовиќ од чија сенка излезе сезонава.
На полувремето од мечот во Лига Европа меѓу Зорја и Манчестер Јунајтед, Златан Ибрахимовиќ на едно дете кое влета во теренот му го даде дресот и покрај тоа што редарите се обидуваа да го тргнат малиот. На крајот, Ибра со гол стави точка на победата на Јунајтед.
Веднаш по мечот Јунајтед - Барнли (0:0) кој Мурињо не може да го прежали затоа што неговите имаа дури 37 шута од кои 11 во рамките на голот, Шмајхел твитна дека гостинскиот голман е еден од најдобрите во историјата. Кој е Том Хитон?
„Пола Златен - пола наверојатен“ беше еден од највпечатливите наслови тој 14-ти ноември 2012 година кога Ибрахимовиќ го постигна можеби најубавиот гол во историјата на фудбалот. Пријателска играа Шведска и Англија, Швеѓаните добија 4-2, а Ибра ги даде сите четири гола.
Манчестер Јунајтед конечно заигра добро и рутински со 1:3 го совлада Свонси на гости. Ибрахимовиќ даде два гола од кои првиот беше 25.000-от погодок од основањето на Премиер лигата во 1992. година. Кога му кажале после мечот, изјавил: „Ах, јас помислив дека сум единствениот кој дал 25.000 гола“.
По дербито меѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед 0:0, излезе статистика на играчи со најмногу големи промашени шанси сезонава во Премиер лига. Златан е прв пред Волкот, Дефо, Лукаку, Погба, Варди...
По заминувањето на учителот за фудбал, Сер Алекс Фергусон, Црвените ѓаволи пробаа со Мојс, па со Ван Гал, а за сега не одат работите како што треба ниту со тренерот кој никогаш не признава дека е крив за нешто.
Од 20 до 24 години даде 24 гола, а од 30 до 34 постигна 144 гола. Епа како Гвардиола да не каже дека е еден од најдобрите играчи. Златан Ибрахимовиќ има освоено 11 првенствени титули со четири различни екипи и има постигнато вкупно 459 гола во кариерата.
Скоро никој да не памети кога капитенот на Манчестер и на Англија бил во послаба форма во кариерата. На Руни не му оди ама баш ништо. Грешно подава, центрира на трета статива без осет а нема волја ниту да ги брка противничките фудбалери. Поради тоа Златан покажа нервоза на мечот од ЛЕ против Зорја.
Фино е да види човек како е да се биде гостин во куќата на Златан каде плаќа 20.000 евра кирија, ама уште пофино е да не ти закаже партија еден на еден во двор.
И покрај тоа што има имот толку колку што очекувате дека има со тие пари кои ги заработува, сепак на Златан Ибрахимовиќ не му е проблем да плаќа кирија од 20.000 евра откако игра за Јунајтед. Во Париз плаќаше 30.000.
Жозе Мурињо не доживеал три порази по ред цели 10 години, а сега ги претрпе во осум дена со што се истури студена вода врз неговиот ентузијазам со кој влезе во сезоната.
До пред четири години не играл фудбал 11 на 11 и не знаел како изгледа тоа, сè додека скаутите на шпанскиот Еспањол не го откриле на еден турнир во Буркина Фасо. Со жена му се запознал во телефонска говорница во Абиџан, а сега бараат стан во Манчестер.
Англиските новинари конечно имаат човек кој нема да им одговара по шаблон на нивните прашања. Златан им е атракција. Во последното интервју, на прашањето што му фали најмногу од Париз, одговори како од пушка.
Во автобиографијата насловена „Јас, Златан Ибрахимовиќ“, Ибра открива за бројните тепачки со колегите низ годините. Пишува за скршеното ребро во тепачката со Огучи Онјеву во Милан, за тоа како одел кај курвите во Малме да прави циркус со муштериите.