Таг: златан ибрахимовиќ

Едно нормално интервју на Ибрахимовиќ

Меѓу другите прашања за плејофот против Минесота, за договорот, за 30-те постигнати голови, новинарите го прашаа Златан и дали е свесен дека одново неговиот дрес е најпродаван поради неговата популарност. „Камо среќа да имав 50% од тоа“, се насмеа Ибра.

Во Њујорк има Статуа на слободата, а во Малме поставија статуа на Златан

Во 2016 година Ибрахимовиќ се пошегува дека нема да замине од ПСЖ под еден усов: ако наместо Ајфеловата кула во Париз, се појави негова статуа. Набрзо замина во Манчестер.

Златан до шведскиот селектор: „Се покака во гаќи, па викна мигранти во репрезентација“

Шведската јавност речиси секогаш е на страната на Ибра, со кого и да е во конфликт, но овојпат ситуацијата е спротивна. Селекторот Јане Андерсон е вербално нападнат од Ибра, а Швеѓаните го бранат.

Златан си ги работи Американците како мали деца

Сите бабури што ги јаде додека дава изјави откако игра во МЛС си ги оправдува на терен. Не знаеш што да очекуваш кога ќе прими топка и на 20 метри од гол и џабе е и да го удвојуваш. Погледнете го доктор Златан Ибрахимовиќ што работи на полни 38 години.

Балѕарети со анегдота за Ибрахимовиќ

Федерико Балѕарети, некогашниот бек на италијанската репрезентација кој играше во Јувентус, Фиорентина, Палермо и Рома откри еден јак момент кога Ибра му бил соиграч во Јуве.

Златан: Тоа што го прави Карју со топка, јас го правам со портокал

Зарем мислевте дека нема да го одбележиме роденденот на one and only Ибракадабра. 38 ги лупна денес, а игра како да почнува втора кариера. Ќе мора да се направи книга САМО со неговите изјави од цела кариера. Не се добројуваат вака.

Играчи кои дале 4 или 5 гола на еден натпревар во Лига на шампиони

Да се даде еден гол во елитното друштво е подвиг, а камоли 4 или 5 на еден натпревар. Тоа му појде од нога на Серж Гнабри од Баерн Минхен кој влезе на листата од 12 играчи кои постигнале по 4 гола на 1 меч во новиот формат на ЛШ (од 1992). Само двајца броеле дури до 5 гола.

Потег на Ибра со кој ги предизвика Новак, Рајола, Погба и Хабиб

Златан Ибрахимовиќ си измисли таканаречен Матрикс џелинџ и тагна четворица славни личности: тенисер, агент, фудбалер и борач. Мино Рајола врвки не може да врзе, не па вака да се свитка. Ѓоќовиќ ќе проба, пошто сака вакви егзибиции.

Ти го мислиш ветеран, тој те демантира со 300 гола

За фудбалерите од 18 до 22 години се вели дека се млади, оние од 25/26 се сметаат за најзрели, а веќе од 30 на прсти им се бројат годините до пензија. Епа Златан е “полуден“ на стари години.

Само Златан може да каже вакво нешто за себе

Кога на крај на година ќе треба да сумираме спортски догодовштини, изгледа ќе мора да има еден посебен дел само со изјавите на Ибрахимовиќ. Од март 2018-та кога потпиша за Галакси до сега, не се памети веќе што сè кажал.

Нов хет-трик на Ибра, си игра со голманите

Неговиот ЛА Галакси со 7-2 го поништи Спортинг Канзас Сити и во моментов е на 5. место на табелата од Западна конференција кое води во плејофот. Ибра броеше до три и постави нов клупски рекорд со 25 гола во една сезона. Во моментов прв стрелец во МЛС е Карлос Вела со 28 погодоци.

Недопирливиот Златан

Ни новинар може да излезе на крај со него, ни играч да добие дуел, а уште помалку навивач туку така да слезе на терен и да му го земе дресот. Буквално е антачбл.

Кога на Ибра ќе му го утнеш прашањето

Новинар од Аргентина го има на мегдан Златан, сега па кој знае кога. И на милион интересни теми, тој се обиде нешто да го гњави за Де Роси. Ни 10 секунди не успеа да го задржи. Златан го потепа со арогантно контра прашање.

Ибра и колегата од жив ѕид

На градското дерби на Лос Анџелес меѓу истоимениот тим и ЛА Галакси, Ибра даде два гола, имаше шоу пред домашните навивачи и фрли ко партал еден соиграч од жив ѕид.

Нови два гола на Ибрахомовиќ во големото градско дерби на Лос Анџелес

Во големото градско дерби меѓу Лос Анџелес ФЦ и Лос Анџелес Галакси, второ во само неколку недели, паднаа 6 гола. Во центар на вниманието беше Златан Ибрахимовиќ кој даде 2 гола. На другата страна постигна гол неговиот ривал во борбата за најдобар стрелец Карлос Вела.

Просинечки го прочита Ибрахимовиќ на списокот играчи на Босна и ги збуни сите

Во пресрет на продолжението од квалификациите за Евро 2020, сите селектори деновиве ги објавуваат пошироките списоци на репрезентативци на кои сметаат. Така и легендарниот „Жути“ Просинечки тргна да го чита списокот фудбалери на Босна и Херцеговина и направи лапсус.

Штом Златан ти аплаудира, одбраната ти е врв

ДС Јунајтед vs Лос Анџелес Галакси или Руни vs Ибра. Конечниот резултат е 2:1, а голманот на домаќините има не одбрана, туку О Д Б Р А Н А која јавно ја признава и најсуетниот на планетата.

Што вика Ибрахимовиќ кога ќе го види Бастијан Швајнштајгер?

Ибра го здогледува Германецот со кого играа во Манчестер Јунајтед и со кого ќе игра од иста екипа на мечот меѓу Ол-Стар МЛС и Атлетико Мадрид во Орландо на полноќ во 2 часот. Им се придружи и Вејн Руни.

Како да не е нервозен, Златан го држи за рака

Една сцена зад камерите во која сепак се наоѓа камерман што ја лови во прав момент. Една од маскотите има трема бидејќи ќе треба да се појави пред многу публика на стадион, ама кога е тука Златан одма е подруго. За две секунди го смири.

Рекламен пост на Инстаграмот на Роналдо чини 975.000 долари

Аналитичкиот веб сајт Hopper ги изучил Инстаграм профилите на познати луѓе од разни области (спорт, лајфстајл, фитнес, патешествија, убавина, исхрана итн) и пресметале колку чини рекламен пост на тие акаунти.

Златан, ова твое дете ли е?

Голот познат како шкорпион го усоврши и прослави најдобриот шведски фудбалер на сите времиња, Златан Ибрахимовиќ. Уште во раната младост во шведски Малме давал такви голови, а и подоцна за европските гиганти. Сега во Малме за шкорпион е задолжен Андерс Кристиансен кој така ја погоди мрежата против Сириус.

Златан ги попари со лудачки хет-трик ЛА и Вела со се тренерот

Да не се фати човек со Ибра ни на терен, ни на интервју, бидејќи тоа што ќе го каже за себе ќе го докаже на терен. Ладнокрвно, без проблем и тоа во градско дерби, баш онака јуначки како што умее.

Не можеш со Златан да садиш краставици

Проба нешто новинаров да го чепне во стил дали сè уште мисли дека е најјак играч во САД, кога друг играч од градскиот ривал имал повееќе голови од него, ама ништо од муабетот. Си се насанка и си призна кој е кој.