Новинар од Аргентина го има на мегдан Златан, сега па кој знае кога. И на милион интересни теми, тој се обиде нешто да го гњави за Де Роси. Ни 10 секунди не успеа да го задржи. Златан го потепа со арогантно контра прашање.
На градското дерби на Лос Анџелес меѓу истоимениот тим и ЛА Галакси, Ибра даде два гола, имаше шоу пред домашните навивачи и фрли ко партал еден соиграч од жив ѕид.
Во големото градско дерби меѓу Лос Анџелес ФЦ и Лос Анџелес Галакси, второ во само неколку недели, паднаа 6 гола. Во центар на вниманието беше Златан Ибрахимовиќ кој даде 2 гола. На другата страна постигна гол неговиот ривал во борбата за најдобар стрелец Карлос Вела.
Во пресрет на продолжението од квалификациите за Евро 2020, сите селектори деновиве ги објавуваат пошироките списоци на репрезентативци на кои сметаат. Така и легендарниот „Жути“ Просинечки тргна да го чита списокот фудбалери на Босна и Херцеговина и направи лапсус.
ДС Јунајтед vs Лос Анџелес Галакси или Руни vs Ибра. Конечниот резултат е 2:1, а голманот на домаќините има не одбрана, туку О Д Б Р А Н А која јавно ја признава и најсуетниот на планетата.
Ибра го здогледува Германецот со кого играа во Манчестер Јунајтед и со кого ќе игра од иста екипа на мечот меѓу Ол-Стар МЛС и Атлетико Мадрид во Орландо на полноќ во 2 часот. Им се придружи и Вејн Руни.
Една сцена зад камерите во која сепак се наоѓа камерман што ја лови во прав момент. Една од маскотите има трема бидејќи ќе треба да се појави пред многу публика на стадион, ама кога е тука Златан одма е подруго. За две секунди го смири.
Аналитичкиот веб сајт Hopper ги изучил Инстаграм профилите на познати луѓе од разни области (спорт, лајфстајл, фитнес, патешествија, убавина, исхрана итн) и пресметале колку чини рекламен пост на тие акаунти.
Голот познат како шкорпион го усоврши и прослави најдобриот шведски фудбалер на сите времиња, Златан Ибрахимовиќ. Уште во раната младост во шведски Малме давал такви голови, а и подоцна за европските гиганти. Сега во Малме за шкорпион е задолжен Андерс Кристиансен кој така ја погоди мрежата против Сириус.
Да не се фати човек со Ибра ни на терен, ни на интервју, бидејќи тоа што ќе го каже за себе ќе го докаже на терен. Ладнокрвно, без проблем и тоа во градско дерби, баш онака јуначки како што умее.
Проба нешто новинаров да го чепне во стил дали сè уште мисли дека е најјак играч во САД, кога друг играч од градскиот ривал имал повееќе голови од него, ама ништо од муабетот. Си се насанка и си призна кој е кој.
Од него треба да се направат топ 10 изјави, ма какви топ 10, топ 100, да се скоцкаат на ЦД и да се продаваат. Тоа би била златна компилација која може да се направи само од будалетинка како Златан. Крајот е врв.
Да не заминеше во САД, немаше МЛС лигата да биде тоа што е сега. Со него има многу евроголови и забава. Дечкото е роден шоумен на терен, а овој пат хуморот го приредија други. Тој само направи шоуто да биде поинтересно.
Додека новинар му поставува прашање на Златан Ибрахимовиќ, камерман, режија, студио, соиграчи, тренери, сите очекуваат да слушнат што следно ќе развали Ибра. Човекот е луд заебант и нема утка во одговорите.
Не му е првпат да си пушта музика од овие простори. Тоа го правеше и како играч на Барселона, и во Интер и во Милан, а и сега во Лос Анџелес Галакси. Си тера ќејф, кој смее да му каже смени.
Неговиот ЛА Галакси изгуби дома 1-2 од Њу Ингланд, но голот кој во 84’ минута го даде Златан за домашните ќе биде прогласен за најубав во Америка а и пошироко.
Со два гола, еден со глава и еден од пенал, Ибрахимовиќ беше творец на триумфот на ЛА Галакси над Филаделфија од 2:0. Сега после 4 меча Ибра има 6 гола.
Паралелно со Вејн Руни, уште еден поранешен напаѓач на Ман.Јунајтед ноќеска држеше лекции во САД. Галакси го совлада Портланд 2:1 во 4. коло од МЛС лигата, а забавата ја приреди се знае кој.
Пред една година Златан Ибрахимовиќ дебитираше за Галакси на блескав начин. Раскажува што се случувало на 48 часа пред дебито. Тоа било г`з преку глава. Средувал документација за да може веднаш да игра, имал 12 часа лет, внимавал на колената, не спиел и веднаш на тренинг. Потоа запознавање со тимот, а веќе следниот ден деби во нова средина и тоа на градско дерби.
На отворањето на 24. сезона во американската МЛС, ЛА Галакси со 2-1 го совлада Чикаго. Резултатот беше 1-1 додека на сцена не стапи најголемиот во 80' минута.