Имаа милиони и милиони евра, вили, јахти, приватен авион и разно разни луксузи. Ужива светска фудбалска слава, освои 31 трофеј и може да троши колку сака. Ама и покрај тоа што стигна на врвот, никогаш не заборава кој му помагал кога бил на дното.
И покрај тоа што го знаеме како заебан, на моменти циркузант, на моменти и арогантен, сепак и Златан Ибрахимовиќ кога сака знае да застане на нозе и да одржи една лекција за тоа како до успех во животот. Тој негов к`не менталитет го однесе до 31 трофеј.
Немања Матиќ и Златан Ибрахимовиќ важат за добри другари. Кариерата во еден момент ги спои на славниот „Олд Трафорд“ каде Србинот остана а Швеѓанецот со балкански корени замина да игра во Лос Анџелес. Но сега Немања го кани Ибра на македонски ајвар.
Новата сезона во американската фудбалска лига МЛС започнува на 2. март. Тимот на Ибрахимовиќ Лос Анџелес Галакси започнал со подготовки а Златан ги загрева со нешто балканско.
Нихад Ѓедовиќ е кошаркарски репрезентативец на Босна и Херцеговина. Има 28 години и толку многу личи на Ибрахимовиќ што вика дека има проблем на улица зошто секој втор го застанува да се слика со него.
Во денови кога постојан силни шпекулации за кам бекот на Златан Ибрахимовиќ во Милан, одиме со еден телефонски разговор меѓу две будалетинки. Рајола му се јавува на Ибра во сред одмор за да му каже дека од Милано се сели во Париз.
Се сеќавате ли на каков начин дебитираше Ибра во американскиот фудбал пред половина година? Со два гола од првите два удари и тоа во градско дерби кое го сврте од 2:3 на 4:3. Влезе во 71-ва минута и направи дар мар на терен. Неговиот деби гол во МЛС лигата од вкупно 22 кои ги постигна, заслужено е прогласен за најубав во сезоната.
По 18 годишна кариера сиромашна со трофеи, 109 настапи за репрезентација и загубено мундијалско финале во 118 минута, Рафаел ван дер Варт му кажа збогум на фудбалот. Со Златан во Ајакс не помина баш добро.
Мајсторот е на друг континент од каде редовно ја засмејува Европа и го фасцинира светот со супер голови. Ама за да не отидат во заборав оние кои ги даваше тука, УЕФА направи видео од неговите најубави погодоци во Лигата на шампионите.
За Златан Ибрахимовиќ не постои поимот “ветеран“. Замина во САД, дестинација која наликуваше дека ја одбра колку да ја заврши кариерата и да ја надополни сметката во банка со уште некое милионче. Арно ама дечкото на 36 години игра како да е во средина на кариерата. 24 настапи - 20 гола за Галакси. Партали.
Лос Анџелес Галакси загуби 5:3 на гостувањето против Торонто, ама резултатот сега не е битен, туку Златан, впрочем како и секогаш. Нема друг фудбалер на планетава кој дава вакви голови. Ова е типична мајсторија и белег на неговата кариера. Уште нешто. Гол број 500 за Златан Ибрахимовиќ.
Иако до денеска поминаа веќе 14 години, ова е гол што не се брише од меморија. За гледачите на Еуроспорт тоа беше гол на годината, а за Ајакс најубав во историјата на клубот. Тогаш 22 годишниот Златан го постигна на 22 август, а на 31-ви потпиша за Јуве. Безвременско ремек дело на кое вреди да му се одбележува датумот на постигнување, секоја година.
Веројатно прашањето број 1 кое треба да го избегнуваат новинарите кога го интервјуираат Златан Ибрахимовиќ е „Кога мислиш да се пензионираш?“. 36 години за голман е нормална возраст, а меѓу напаѓачите е нормална само ако си Ибра.
На Шведска и оди топ на Мундијалот во Русија и во сабота со Англија ќе бие битка вредна полуфинале. Ама со ваква форма на Ибрахимовиќ не можеа во никој случај да бидат зијан. Гледајте и учете (Аргентинци, Шпанци, Португалци, Германци) како се игра во шеснаесетник. Не го допираат годините.
И 10 дена по финалето од Лига на шампиони, некој уште има што да каже на тема фаулот на Рамос врз Салах. Можеби Златан нема да си го добие по рамо, ама затоа...
Што рековме скоро дека ако му стапне некој на жуљ може да му ја учука една без око да му трепне, па и по цена на црвен картон, прв за него во МЛС лигата.
Еден од најдобрите комичари преку океанот, Британецот Џејмс Корден се заебал да плати пар долари за Ибрахимовиќ да му бае за судбината. А на Ибра му е толку добро во Америка што стигнува и да дава голови и да се спрдава по разни емисии.
Лос Анџелес Галакси загуби 3:2 од Хјустон Динамо, ама тоа не е причина да не го споделиме со вас потегот на мечот во мадафака Златан стил. Најважно е што акцијата која ја почна заврши со гол.
Како млад уште додека играл за Малме, Златан Ибрахимовиќ во својата соба имал постери од својот идол Бразилецот Роналдо. Низ кариерата Ибра често зборуваше дека за него најдобар фудбалер на сите времиња е Рони. Поминаа 20 и кусур години а Рони дојде на гости кај Златан во Лос Анџелес и му посака среќа.
Првото прашање кое си го поставија фановите на Ибрахимовиќ кога Шведска ја урна големата Италија во баражот за СП беше дали кам бек во репрезентација ќе направи нивната најголема ѕвезда и најдобар стрелец со 62 гола кој се повлече во 2016-та. Златан гостуваше кај Џими Кимел, му кажа што значи во превод неговото име на балкански и го потврди учеството на СП Русија 2018.