Најславниот шведски фудбалер со балкански корења е роден во Малме во 1981-ва година. Татко му Шефик е Бошњак, а мајка му Јурка Хрватица. И двајцата емигрирале во Шведска, каде и се запознале, а од најслаткото задоволство во животот, на овој свет го донеле фудбалерот без кој ништо немаше да биде исто.
Златан почнал да игра фудбал на 6 години кога ги добил првите копачки. Се калел во Малме и Балкан, клуб формиран во 1962-ра година од најголемата балканска заедница на имигранти.
И покрај тоа што стигна до светска фудбалска слава, Златан не заборава од каде потекнува, како му било како мал и колку требал да запне за да докаже дека многу вреди, а и повеќе од неговите врсници.
„Јас сум син на имигранти од Југославија кои дошле во Шведска. Моето презиме нема ништо поврзано со Шведска. Ако се презивав Свенсон можеби како мал ќе имав повеќе можности и привилегии од што сум имал. Но тоа ми даде само уште поголем стимул.
Требаше да бидам 10 пати посилен од другите за да ги постигнам истите цели. Тоа што бев дискриминиран само ме натера да работам како луд.
На моите деца нема да им попуштам, туку ќе ги научам дека треба работа и само работа за да се стигне до успех. Тие се лутат кога губат и наликуваат на тоа на мене, но нема да ги буткам и да ги форсирам, треба сами да си ја заработат победата. Во животот никој не ти подарува ништо.
Се случува да загуби човек или да заврши втор, тоа не е трагедија, но не треба никогаш да се биде задоволен и да се навикне на пораз. Никогаш“.
Ретко кој друг Балканец или воопшто фудбалер може да се пофали со кариера во Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан, ПСЖ, Манчестер Јунајтед, Лос Анеџелес Галакси.
За почит е тоа, но пред сè менталитетот без кој немал да успее.