Како и се оддолжил Златан на жената која му давала да јаде како мал

Имаа милиони и милиони евра, вили, јахти, приватен авион и разно разни луксузи. Ужива светска фудбалска слава, освои 31 трофеј и може да троши колку сака. Ама и покрај тоа што стигна на врвот, никогаш не заборава кој му помагал кога бил на дното.

Како и многу други примери во светот на фудбалот, така и Златан Ибрахимовиќ е од оние играчи кои потекнуваат од сиромашни семејства. Неговите емигрирале од Босна во Шведска за подобро утро, а Златан почнал да игра фудбал на 6 години кога ги добил првите копачки.

Се калел во Малме и Балкан, клуб формиран во 1962-ра година од најголемата балканска заедница на имигранти. Но кога бил дете воопшто не му било розово, туку напротив се случувало да брцне со рака во празен фрижидер.

Златан во едно интервју призна дека во Шведска бил дискриминиран затоа што бил странец, но тоа било мотивација плус да работи како луд за да им докаже од што материјал е.

Колку и да се соочувал со вакви проблеми и плус знаеме сега каква будалетинка е, сепак Швеѓанецот по татко Бошњак, а по мајка Хрватица воопшто не го загубил она човечкото во себе. Барем така тврди вујко му Ѓоко Гравиќ кој раскажува една куса и поучна приказна од која може да се научи нешто.

„Мајка му на Златан работеше во Шведска како чистачка и воопшто не им беше лесно во тој период. Една Швеѓанка му даваше сендвичи и благо додека мајка му се мачеше да заработи и да донесе некој денар за парче леб. И покрај тоа што беше мал, Златан никогаш не ја заборави и кога се прослави отиде да ја побара и да и даде чек. Никој не знае за колку пари се работи, но се раширија гласини дека ја обезбедил за до крај на животот. Иако како мал крадеше велосипеди, Златан сепак израсна во добар човек.“

Секоја чест за гестот на Босанецот кој заигра фудбал во седум земји.

27 февруари 2019 - 15:43