Барнс, Карбоне, Колимор, Гудјонсен, Делап, Крауч, Амир Заки, Руни, Керол, Бентеке се само некои од играчите кои постигнаа сензационални голови со ножички во Премиер лигата. Мерак за очи.
Кристијано Роналдо стапна во Премиер лигата во сезоната 2003/2004, кога Вејн Руни уште не му беше соиграч. Тогаш беа на почеток на кариера и имаа по околу 18 години. Нивното запознавање воопшто не беше пријатно за Роналдо.
Иако сезонава е на само 2 скромни гола, овој вториот постигнат против Стоук пред 5 дена го искачи на пиадесталот во Театарот на Соништата. Сер Боби Чарлтон 249, Вејн Руни 250 голови за Манчестер Јунајтед.
По пауза од 43 години се најде јунак кој го стигна најдобриот стрелец во историјата на Манчестер Јунајтед, Сер Боби Чарлтон. Тоа е Руни кој 12 годишниот стаж на Олд Трафорд го круниса со 249 гола, бројка која сигурно уште ќе расте.
Бесконечните суми во кинеската супер лига примамија суперѕвезди како Оскар, Халк, Тевез, но постојат играчи и тренери кои меѓу фудбалот и парите го одбраа фудбалот.
Вејн Руни е дете на вториот клуб од Ливерпул. Член на младинската школа на „Карамелите“ бил од 1996. година а за првиот тим играше од 2002. до 2004. година. Во синиот дрес постигна 15 ефектни голови иако уште беше тинејџер.
Манчестер Јунајтед за прв пат во својата историја губи 5 гостински натпревари во Европа по ред, а Вејн Руни постигна гол, негов прв на последните 12 меча и втор во цела сезона. Играч на кој му фалат уште три гола да го урне рекордот на Боби Чарлтон и да стане најдобар стрелец во историјата на клубот, срамота е да прави вакви киксови. Ова за него е локум топка за гол.
Скоро никој да не памети кога капитенот на Манчестер и на Англија бил во послаба форма во кариерата. На Руни не му оди ама баш ништо. Грешно подава, центрира на трета статива без осет а нема волја ниту да ги брка противничките фудбалери. Поради тоа Златан покажа нервоза на мечот од ЛЕ против Зорја.
Како корпулентен расен стрелец на Ренџерс, зад решетките од најголемиот затвор во Шкотска потпишува договор со Евертон. Во Англија ќе стане култен херој поради бескомпромисните дуели поради кои стана рекордер по бројот на црвени картони во Премиер лигата.
Жозе Мурињо не доживеал три порази по ред цели 10 години, а сега ги претрпе во осум дена со што се истури студена вода врз неговиот ентузијазам со кој влезе во сезоната.
Од натпревар во натпревар капитенот на англиската фудбалска репрезентација и Манчестер Јунајтед, Вејн Руни покажува драстичен пад на формата. Ако продолжи вака, нема да чуди ако за брзо време трча по топката со Џерард и Лампард во аматерската лига на САД.
Најголем дел од светски прочуените спортисти кои заработуваат астрономски суми пари, најчесто бираат монструозни автомобили и се лош пример за помладите. Но има и такви на кои гигантски џипови не им значат ништо.
Манчестер Јунајтед е првиот клуб во Премиер лигата кој стигна до оваа јубилејна бројка на домашен терен откако Мартиал викендов погоди против Евертон. Клубот се фати за статистика и пресмета дека најмногу дал Руни, мајстор за асистенции е Гигс, а има податоци и како и кога биле постигнати. Астон Вила со 50 има најмногу примени, Тотенхем 49, Евертон 48. Вториот клуб кој е најблиску до 1.000 голови во Премиер лигата пред своја публика е Арсенал. Инаку 910 се од времето на Фергусон.
Кинезите решија да се отворат на спортски план, така што 50 милиони евра за трансфер им се како добар ден. Сепак, некои луѓе покажаа дека парите не им се пресудни во моментов.
На денешен ден пред точно пет години падна еден од најубавите голови од кога топката се тркала по фудбалските терени. Руни против Сити во дербито на Манчестер.
Едните се ѕвезди на светско ниво, а другите се збунети деца на кои ќе им пукце срца од возбуда бидејќи до тогаш мислеле дека само ќе ги гледаат на ТВ и со нив ќе играат на Плејстејшн.
Кога велиме најјаките, стварно мислиме на најјаките бидејќи колку што се разбираме во коли, веројатно нема нешто појако од ова. Па човек да направи судар со некој од нив ќе треба кредит да земе за да им го плати само фарот.
Прашањето со што се занимаваат спортистите по завршувањето на кариерата е еднакво интересно како и прашањето за почетокот на нивната кариера. Со оглед на тоа што многу сајтови и весници во последните неколку години се дигитализирани, нивните архиви се достапни и може да се дознае како почнала раната фаза на суперѕвездите.
Манчестер Јунајтед синоќа против ЦСКА беше на 11 минути до четвртото реми без голови по ред, но Вејн Руни со глава го разби сопственото проклество од 995 минути без гол и вкупно 404 минути на својот тим. Сега има 37 голови на меѓународна сцена, еден помалку од рекордерот Ван Нистелрој.
Со голот на Градски во Скопје на 6. септември 2003. година, Вејн Руни стана најмладиот стрелец во историјата на англиската репрезентација. Имаше само 17 години и 317 денови кога го прослави голот против нашата репрезентација.
Напаѓачот во претходното коло против Сан Марино го израмни, а вчера против Швајцарија го престигна рекордот на Боби Чарлтон по бројот на голови и стана најдобар стрелец на Англија на сите времиња со 50 погодоци.
Репрезентацијата на Англија е првата селекција која што избори пласман на ЕП 2016 во Франција. Во триумфот од 0-6 против Сан Марино, Руни постигна еден гол и сега има вкупно 49 со што се израмни со легендарниот Сер Боби Чарлтон.
Кога сте мал, а богами и стар и кога ќе го сретнете вашиот спортски идол, реакцијата на воодушевување е природна. Симпатична како на ова дете кога го здогледа Вејн Руни.