Таг: сп русија 2018

Тони Крос - кралот на старата школа кој 4 години носи исти копачки

Додека неговите соиграчи а и многу други фудбалери на денешницата се свилени и носат розеви и жолти копачки облепени со Swarowski кристали, Тони Крос синоќа против Шведска даде еврогол во копачки стари четири години.

Фудбалот е едноставна игра во која на крајот секогаш победуваат Германците

Иако губеше на полувремето, со страшниот гол на Тони Крос, Германија во 90+5’ минута ја победи Шведска со играч помалку и се врати на голема врата на мундијалската сцена.

Мексико е осминафиналист

Ако можеа да го треснат Светскиот шампион, тогаш зошто би им претставувала проблем една Јужна Кореја. Два меча, две победи за јужноамериканците кои си го продолжуваат патот на СП Русија. Голчиште на Ми Сон, ама дури во 93-та.

Шаќири даде гол, ќе го пукам

Тетовски портал објави едно “нормално“ и “едукативно“ видео за славење на голови. Насловено е: „Албанецот не се држи до емоциите, го стрела пиштолот во куќата по голот на Шаќири“. И после зошто ги зборат дека вака се радуваат и на свадби.

И Стефан ли е Албанец?

Стефан Лихштајнер е еден од четворицата Швајцарци во мултиетничката селекција на Швајцарија во која се зборува на 10 јазици. Џердан Шаќири и Гранит Џака при прославата на головите против Србија гестикулираа со двоглавиот орел бидејќи по потекло се од Косово, ама па што има Лихштајнер со тоа? Ништо чудно и појма да нема што значи тој знак со рацете.

Крстајиќ: Некогаш проклетиот Хаг, а сега ВАР

Селекцијата на Србија е бесна за контроверната судиска одлука во ситуацијата кога Александар Митровиќ беше соборен во шеснаесетник. Селекторот удри на Инстаграм, а на нивна страна е и Рио Фердинанд.

Првата седмица на Мундијалот, Белгија го потопи Тунис

По низата не баш ефикасни натпревари во второто коло, конечно видовме голеада на Светското во Русија. Селекцијата на Белгија го декласираше Тунис со 5:2 и му се приклучи на осминафиналното друштво составено од Русија. Уругвај, Франција и Хрватска.

Капитулација на Србија во 90-та минута

Иако постигнаа брз гол по само 5 минути игра, фудбалерите на Србија паднаа физички во вториот дел и го загубија мечот кој ќе ги однесеше во осминафинале. Џака и Шаќири го направија пресвртот по кој сега три селекции во трето коло ќе водат битка за нокаут фаза.

Муса го одра јарецот, Исланд испадна од Светско

Нигерија и Исланд го одиграа првиот меѓусебен натпревар во историјата со оглед на тоа што Скандинавците се дебитанти на Мундијал и Африканците славеа со 2:0. Сега во групата сè е можно а најмногу се надева Аргентина.

Чудесниот потег на Нејмар преку играч

Во самиот финиш, на неколку секунди пред крајот, само што постигна гол, Нејмар кај корнер знаменцето направи и една лудорија.

Бразил се изнамачи со Костарика и спречи сензација

Во второто коло од групата Е на Светското првенство, Костарика оддолеваше до 91’ минута кога Кутињо го скрши отпорот, го совлада Кејлор Навас за на крај Нејмар да го запечати триумфот.

Перуанци продавале дом за да одат на Светско

Да, Исланѓаните многу сакаат фудбал и скоро цела земја остана пуста откако илјадници од нив отпатувале во Русија на Светското. Ама она што го прават луѓето од Перу за својата фудбалска репрезентација се коси со здрав разум и е лудо.

Хрватски репортер на денот

Во сето тоа лудо славје на Хрватите кои славеа победа против Аргентина и пласман во осминафинале, на новинарот на ХРТ му се сипаа неколку навивачи од оние кои сметаат пред камера и две навивачки кои со добра намера му влетаа блиц. Дечкото успеа да се изгради за простор и си кажа сè што науми. Добро изведено на целиот тој хаос. Покачете му дневница.

Фрустрирани Аргентинци нападнале хрватски навивачи

Светското првенство во Русија минува без и најмал инцидент ако ги тргнеме настрана пијаните Англичани кои салутираа хитлерашки во Волгоград. Руската полиција и редарски служби го чешлаат секое ќоше, но синоќа во еден од ходниците на трибините Аргентинци нападнаа хрватски навивачи.

Аргентинците беа тапа уште во квалификациите

На тие што ги следеа мундијалските квалификации во Јужна Америка, можеби и не им е многу чуден овој расплет со Аргентина кој денеска може да биде кобен. Гаучоците беа пацери во речиси секој меч и кркаа срам со една Венецуела која не успеаа да ја победат во два наврати.

Анонимниот хрватски селектор кој во пустина учел занает - сега прави чуда

Бил тренер на хрватскиот скромен клуб Вартекс и додека чекал повик од Хајдук или Динамо на телефонот му се појавил арапски број. Набрзо сфатил дека во животот најголемите победи се остваруваат со макотрпна работа и поднесување жртва.

Панини сликичките на малиот Бразилец кој нема пари за албум

Педро има 8 години, живее во бразилскиот град Бауру, сака да го собира Панини албумот, но мајка му нема пари за да му ја оствари таа желба. Но Педро е упорно и талентирано дете за цртање и успеа сам да се снајде.

Хрватите побудалеа од радост

На СП 2002, 2006 и 2014 не успеаа да минат групна фаза, а на 2010-та не се ни пласираа, што значи лудилово во Хрватска и пошироко не е само заради тоа што ја урнаа Аргентина, туку и затоа што не виделе пласман во нокаут фаза од 98-ма кога со Бобан, Шукер, Проснечки и компанија го освоија историското трето место.

Како Аргентина може во следна фаза?

По бродоломот на Аргентинците, одново се активираа хејтерите на Лионел Меси и неговата репрезентација кои сметаат дека „Гаучосите“ ги изгубија сите шанси за осминафинале. Дали е така?

Што рече Мурињо за голманот на Аргентина

Вили Кабалеро е втор голман на Челси, има 36 години, а изминатава сезона бранеше само три пати во Премиер лигата. Виновник е за првиот гол на Хрватска по што Жозе Мурињо ќе рече:

Меси се враќа дома

И покрај тоа што одговорноста оди кај сите играчи со се селекторот, се знае кој ќе го изеде најмногу по социјалните мрежи по овој висок и срамен пораз на немоќната Аргентина. 

Величествена победа на Хрватска, Аргентина декласирана!

Во ситуација кога на Меси и Аргентина им гореше под нозе, Хрватите ги понижија со 3:0 и се пласираа во осминафиналето.

Мбапе ја носи Франција во осминафинале

По Русија и Уругвај, селекцијата на Франција е третата селекција со две победи по првите две кола која обезбедува пласман меѓу 16-те најдобри селекции во светот. Со 19 години и 183 дена, Килијан Мбапе стана најмлад стрелец на Франција на големите натпреварувања.