Со брз и модерен фудбал, базиран на страшен напад предводен од убиственото трио Салах - Фирмино - Мане, фудбалерите на Ливерпул ја разбија Римската Волчица која на Олимпико во Рим ќе ја има истата задача како против Барселона. Да брка ново чудо од 3:0 за пласман во финале.
Италијанската страст за фудбал не познава граници. Стотици навивачи на Рома направија редици кои траат 36 часа, само за да го бодрат својот тим на Олимпико, местото на кое ја урнаа непобедливата Барселона во четвртфиналето од ЛШ.
Римското дерби е натпреварот за кој градот живее цела година, а синоќешните 0:0 се доказ дека и двете екипи се плашеа од пораз. Имаат идентичен број на бодови и се во пеколна битка за место во топ 4. Последните секунди истекуваа, а Сергеј Милинковиќ Савиќ се обиде како на кошарка. Срце им застана на Лацијалите.
Аркадиуш Милик ги имаше трите гостински бодови во раце на гостувањето на Сан Сиро, ама кога на голот на Милан стои 19 годишниот Донарума сè е подруго. Како ли му ја фати од толку блиску, па ова може да е крај за надежите на Наполи за титула, бидејќи Јуве им избега на +6.
Римјаните направија огромна сензација во ЛШ против Барселона и делуваат некако нестрпливи за ждрепката, па сами си го избраа следниот противник кој можеби и го посакуваат.
Врвот на лудото славје на Римјаните по елиминацијата на Барселона го достигна првиот човек на Рома, Џејмс Палота кој изненади со доста неочекуван потег. Па добро ако освојат ЛШ што ќе направи?
Туристите што не пратат фудбал сигурно синоќа си помислиле дека Рома освоила Лига на шампиони. Барем така изгледаше амбиентот во центарот на италијанската метропола.
Сте го слушнале ли вие Карло Ѕампа, човекот со гласни жици како женски сопран? Епа сабајлево е примен на оториноларинголог за да му кажат дали ќе може да го коментира следниот натпревар на Рома.
По пауза од 34 години Рома се пласираше во полуфиналето од Лигата на шампионите. Барселона не е Беневенто, што значи ова е сосема очекувано славје во кое се најде и ќерката на Џеко.
Веројатно најлудиот твит некогаш напишан од страна на човекот кој е задолжен за официјалниот Твитер на Рома е овој вечерва после последниот свиреж на судијата. Рома - Барселона 3:0 и не знам што куцам на тастатурата.
Ако за некој натпревар сезонава во ЛШ треба да се каже чудо, тоа е вечерашното четвртфинале на кое Барселона е во нокаут. Загуби 3:0 и се збогува од Лига на шампиони. Во полуфинале со Рома, патува и Ливерпул кое одново го совлада моќниот состав на Гвардиола.
Од следната сезона стапуваат во сила новите правила во Лига на шампиони од кои бенефит ќе имаат четирите првопласираните екипи од најдобрите четири европски лиги. Има три опции од Серија А да учествуваат 5 клубови во следната сезона од ЛШ.
Кога од резервен и анонимен голман од Бразил, ќе добиете мачка која фаќа сè можно и не прима гол на повеќе од половина натпревари кои ги бранел во првенство, тогаш јасно е дека се работи за нешто опасно кое се пушти да го лови и Флорентино Перез.
Италијанските претставници во ЛШ ги добија најтешките можни противници на денешната ждрепка во Нион. Јуве налета на Реал, а Рома на Барса. Навивачите на Рома се отворија со разни шеги на своја сметка и тоа бајаги.
Ако синоќа не ја гледавте Рома - Шахтјор, тогаш бидете сигурни дека сте го испуштиле мадафака потегот на сезоната во елитното натпреварување. Го направи Бразилецот Исмаили Дос Сантос, а еден навивач искоментира под видеото: Мене ме боли колено кога го гледам ова.
Сите зборуваа за чудесната одбрана на Де Хеа кој го спаси Јунајтед од пораз на првиот осминафинален дуел од ЛШ со Севиља. Паралелно на другиот дуел во Доњецк се случи иста, па и бетер по откачена одбрана.
Фудбалерите на Шахтјор се изборија за голем пресврт на дуелот со Рома и можат да жалат што нема да патуваат со поголема предност во Рим. Алисон Бекер вечерва бранеше во стилот на неговиот колега Давид Де Хеа, кој не и дозволи на Севиља да реализира чисти шанси.
Во 2003-та година Вардар се сретна со Рома во рамките на Купот на УЕФА. Одиграа две средби. После првата на враќање од Рим некој ги ограбил фудбалерите на Вардар. Веројатно на аеродром.
На последните 7 средби во Серија А, Рома загуби од Торино, Јуве, Аталанта и Сампдорија, а одигра реми со Сасуоло и Интер, плус нерешениот резултат на заостанатиот меч со Сампдорија. Ќе смрзнат ако продолжат вака.
Фудбалерите на Рома треба да жалат што си заминаа поразени од гостувањето против Јуве со 1:0. Судијата Паоло Таљавенто продолжи 5 минути, а во третата, Патрик Шик излезе очи во очи со Шчесни и ја загуби битката. Вакво нешто не се промашува на дерби меч.
Резултатот меѓу Киево и Рома 0:0 викендов беше изненадување за многу играчи во кладилница кои типуваа на гостите како фаворити. Вистинската пречка беше да се совлада домашниот голман на кој му е глупо што заебал еден дечко на кој сака да му се оддолжи.
Искусниот бек на Србија, Александар Коларов игра како препороден откако се врати во Рим. Решава натпревари сам со бомби од слободен удар, асистира, а знае и да ги прави мајмуни шампионите од Англија кои синоќа беа изгубени на Олимпико.