Фудбалерите на Рома му запнаа на Ливерпул со отворен фудбал што ги чинеше негатива од 1:2 на полувреме, која успеаа да ја анулираат и да стигнат до триумф од 4:2, недоволен за виза во Киев. Доцна реагираа Италијанците, на 26 мај европскиот првак ќе ја брани титулата против незгодните момци на Клоп.