Најслаткото нешто на сето чекање беше кога се појавија со шампионскиот автобус под симболот на триумфот. Е во тој момент ако останеш без батерија на мобилен, шамар си маваш од мака. Многу беше јако, особено кога ти доаѓаат фејс ту фејс.
Секој што решил да не дојде синоќа на плоштад се заебал. Ова се тие ноќи за кои живее градот кој по втор пат во три години блесна во европски сјај. Убавини за душа кои ги сакаме пак и пак и пак.
Станува збор за еврејска љубовна песна која што првпат е изведена во 1955 година од Миријам Авигал. Мелосот станал толку популарен што оваа песна брзо се проширила на многу страни по светот.
Ако кажеме во Европа ќе погрешиме, бидејќи Вардар има фанови дури до Мексико каде еден ракометен тим го носи нивното име. Нестварно е ова што го направија овие луѓе. И некако како сите да не сме свесни дека го повторија по само 2 години. Направете им некаков споменик. Сериозно.
Пред него се исправија двајца гиганти, од кои неговиот сонародник и колега од репрезентацијата, Блаж Благотиншек е три глави посивсок од Скубе. Ама тоа не му сметаше на Сташ да го измрда од место џинот.
Вардаровите песни и еуфоријата од „Ланкес арената“ синоќа се префрлија пред хотелот каде што беа сместени ракометарите на Вардар. Пред автобусот беше г`з преку глава од луѓе, а Столе едвај го додржа пехарот и потоа му го предаде на џинот.
Додека навивачите на Вардар го чекаа европскиот првак да пристигне пред хотел, со асистенција на двајца Германци извадија едно од знамињата и на јарболот закачија македонско. Да се знае кој е кој во ракомет.
Зурли, тапани, ора, бакљи, петарди, димни бомби, свирежи од коли, пива, полиција на сите страни. Во центарот на Скопје вечерва е ванредно стање. Да не знае човек дали е ова 2017-та или 2019-та. Тотална лудница.
Македонската гордост Вардар направи земјотрес во спортска Европа, откако вторпат во пар години на епски начин стигна до највредниот пехар во клупскиот ракомет. По крајот од финалето со Веспрем, капитенот Стоилов ги поведе соиграчите кај најверните навивачи и со пехарот славеа еуфорично.
Вардар со златни букви го изгравира своето име во европската клупска историја. Момците кои со месеци играа без финансиска инјекција од клубот, ги нокаутираа гигантите. Браво јунаци, Македонија ве чека!
Ракометарите на Вардар по втор пат се на тронот на Европа. Јуначки после чудото над Барселона, во финалето вечерва го совладаа и унгарски Веспрем 27:24 (16:11) и заслужено станаа кралеви на континентот.
Во 57-та минута Барселона водеше 26:25, Мораеш израмни, а по две минути Карачиќ без размислување ја распали и се повреди за прво водство на Вардар. Каталонците не реализираа и потоа Криштопанс зголеми на +2. Барселона имаше задоцнета реакција со гол, на кој одговори „Ил капитано“. Ова ќе останат како епски сцени.
Ако некој во изминативе години знае до максимум да не наполни со адреналин и да ни го качи притисокот тоа е дефинитивно Вардар. Губеа 7 разлика на полувреме од моќната Барселона, но во второ полувреме направија тотално лудачки пресврт и ја повторија историската 2017-та.
Келн, 3 јуни 2017. Вардар во прва историска полуфинална пресметка на Ф4. Противник Барселона, исто како денеска. Натпреварот тврд и претежок. При резултат 25:25, последниот напад го имаа момците на Раул. Тоа беа 16 секунди за треперење кои ги одиграа машки и присебно, без паника, со едноставно вкрстување во кое Лука Циндриќ распали и го однесе Вардар во финале.
Третото последоватолно учество на Фајнлфорот веројатно е најслатко. Може ли Вардар да ја повтори историјата и повторно да го шокира ракометниот свет? Знаете како велат - ранетиот лав сè уште сака да талка. Тоа го вели ЕХФ во својата најава, е ние би го повториле насловот во кој силно веруваме.
Пред стартот на сезоната, Европската куќа на ракометот не го ставаше Вардар ниту во топ 10, арно ама бандата на Парондо се покажа до толку дрска што успеа да стигне до Фајнлфор. Причина сега ЕХФ на својот сајт да објаснува зошто ќе освојат ЛШ.
По 196 меча во Лигата на шампионите, четири најдобри тима во Европа ќе се борат за вредниот трофеј на 10. издание на Фајнал Фор, на 1 и 2 јуни во Келн. Меѓу нив е и скопски Вардар.
Вардар не беше сам на гостувањето во Унгарија, туку имаше стандардно одлична поддршка од Комити и останати навивачи. Една група од нив додека се враќаше дома со кола, се отвори на автопат. Тој до гитаристот е Шиц легендата.
Без разлика на исходот од Келн, за најверните навивачи на Вардар овие ракометари се шампиони и херои. ЕХФ пред стартот на сезоната не ги стави ниту во топ 10, а тие влегоа во големата четворка заедно со Барселона, Веспрем и Кјелце.