Иднината на Бејл е под прашање: Велшанецот не сака да си оди, Реал е спремен да го продаде за 80 милиони евра, но на Бернабеу не стигнала никаква понуда до сега. Зидан има нешто против Бејл.
Можеби ова изгледа смешно и безвезно, како да се на некои игри без граници, ама штом го прави клуб како Реал Мадрид, тогаш мора да имаат поента. И тие се луѓе, а не роботи, па мора да има време и за вакви заебанции кои сигурно се корисни, барем ментално.
Тренер од светски познатата академија Ла Масиа, призна дека најголемата грешка им била што го пуштиле малиот Такефусо Кубо да замине од Барселона. А летово Реал Мадрид го грабна Јапонецот и тој веќе ги забавува соиграчите на тренинзите.
Едер Милитао е новиот Бразилец кој доаѓа во Реал Мадрид. Игра како штопер и се очекува долги години да биде столб на одбраната на кралскиот клуб. Ама голем тремаџија бил, се тресеше на презентацијата.
Фудбалерите на Интер ќе ги спрема Антонио Пинтус, човекот кој во врвна форма ги доведувал Зидан, Кристијано Роналдо, Дел Пјеро, Виали, Дешам, Ѕола, Модриќ, Марсело и многу други. На почеток плачат од пеколниот ритам, после му се заблагодаруваат.
Ел Нињо се прослави на „Енфилд Роуд“ каде стана еден од најомилените напаѓачи. Еднаш против Реал во Лига на шампиони така шизички го мрдна Фабио Канаваро, што Италијанецов среќа остана на нозе, а Касиљас спаси гол.
По претставувањата на новите засилувања Лука Јовиќ и Еден Азар (го пречекаа преку 50.000 навивачи на Сантијаго Бернабеу), најголема врева во Шпанија крена преминот на младиот Такефуса Кубо во Реал.
Првиот голем трансфер во Европа бидна. Го направи Реал Мадрид, откако потпиша договор со српскиот репрезентативец од Ајнтрахт Франкфурт, Лука Јовиќ, шпиц кој сезонава растури во Лига Европа и Бундеслига.
Стадионот Олимпико во Рим за сега е прв и единствен домаќин на дуелот меѓу двајцата најдобри во едно вакво финале. Помина една деценија, а како вчера да беше. Каков мега дуел беше тоа меѓу две страшни екипи предводени од Фергусон и Гвардиола кој тогаш ја почна ерата во Барселона.
Кралската шпанска фудбалска федерација реши со голем гест да го испочитува ликот и делото на легендарниот Икер Касиљас којшто неодамна на тренинг во Порто доживеа срцев удар и веројатно ќе ја заврши кариерата.
Сезоната 2012/2013 од ЛШ ја паметиме по германското дерби во финале кое го доби Баерн Минхен со голот на Робен во 89-а минута, ама и по оние легендарни 4 гола кои Роберт Левандоски му ги нареди на Реал во полуфинале, токму на денешен ден. Прво беше 4:1 за Борусија, па 2:0 за Реал.
Најдобриот играч на сите времиња според многумина, има астрономски договор со американскиот гигант за спортска опрема. Португалецот, како амбасадор на Најк треба да го чува своето тело и да не отсуствува од фудбалските терени повеќе од договорениот период.
Во 29 коло од Ла Лига на мечот Реал Мадрид - Уеска имаше големо изненадување откако на теренот се најде 20-годишниот Лука Зидан, син на тренерот на домашниот тим.
Реал Мадрид објави видео на својот Јутјуб канал како лета со својот официјален спонзор „Емирати“. Петмина фудбалери стојат на шанк и за да утепаат време си поставуваат разни прашања. Герет Бејл од 2013-та е во Мадрид и уште зборува англиски во шпански клуб, а Модриќ на таа пара не бил на Малдиви. Марсело е најголем шегаџија.
Во видео од 3 минути ќе дознаете кои клубови трошеле најмногу пари од сезоната 1991/1992 до сега. Бројкиве се фрапантни. Цели земји од типот на нашата може да се вратат во колосек со овие пари.
Португалецот му даде три гола на Атлетико и не ни претпоставувал дека му помогнал на клубот од кој замина минатото лето, да заработи околу 500.000 евра повеќе.
Се вика Едер Милитао, има само 21 година, стартер е во Порто со кој стигна до четвртфиналето во ЛШ. Кралевите дознаа дека во Португалија го следеле скаути на Манчестер Јунајтед и побрзаа со засилувањето во задната линија која им ја осакати Ајакс.
Во ера кога е неизбежно кафанско докажување дека играч се мери по она што го прикажува на терен, а не по тоа колку гел има на косата, вака изгледа расправата меѓу оној кој фудбалот го разбира и оној кој гледа низ призма на его трип.
Легендарниот Французин официјално замина од Реал Мадрид на 31 мај 2018 година. За девет месеци без него, Мадриѓаните изгубија сè што можеше да изгубат а Зизу наместо ред и поредок, сега начекува неуредна состојба во клубот.
Мечот меѓу Ваљадолид и Реал Мадрид го одбележа една несекојдневна сцена на која се зачудија сите што го гледаа преносот. Среќа стигна објаснување, инаку ќе беше големата.
Шест месеци. Ова е времето во кое Реал Мадрид ќе мора да го реконструира тимот кој постигна нешто незамисливо во современиот фудбал: 4 титули во ЛШ за 5 години.
„Кралскиот клуб“ е убедлвио најтрофеен клуб во ЛШ со 13 пехари. До синоќа цели осум години не испадна пред полуфиналето. Затоа бламажата со Ајакс е суперсензација, иако такви чуда имаше и порано.