Барнс, Карбоне, Колимор, Гудјонсен, Делап, Крауч, Амир Заки, Руни, Керол, Бентеке се само некои од играчите кои постигнаа сензационални голови со ножички во Премиер лигата. Мерак за очи.
Откако лани беше јунак на титулата на Лестер, Французинот со африкански корени сезонава има најсериозни шанси да ја добие наградата „Играч на сезоната“ во Премиер лига.
Капитенот на Наполи е единствениот фудбалер во Серија А којшто ги одиграл сите натпревари од минатата сезона и од актуелната. Во Англија таков е ученикот на Сер Алекс Фергусон, а во Шпанија Баскиец од Еибар.
По триумфот над Виган во понеделникот, Брајтон енд Хоу Албион - клубот основан во 1901 година од посетители на паб, влезе во најдобрата англиска лига. Најголеми заслуги има тренерот Крис Хјутон, поранешниот бек на Тотенхем кој пред три години дојде во Брајтон.
Сте слушнале ли за софтвер кој годишно вади најразни податоци за настапите на над 80.000 играчи во шест спортови кои потоа цели тимови на експерти ги анализираат за потребите на клубот? Не, ова не е време на совети од типот клавајте голови, туку време на најмодерни иновации кои помагаат како да бидеш понапред од другиот.
Во 2011-та Рејвел Морисон бил ѕвезда во младинците на Јунајтед и човек поради кого Фергусон не го приметувал Погба. Французинот сега вреди 90 милиони фунти а Рејвел игра во втора лига. Зошто?
Тренерот на Лестер, Крег Шекспир откри дека репрезентативецот на Англија во еден момент размислувал да престане да игра фудбал затоа што слабо му одело и да оди да работи во ноќните клубови на Ибица.
Дете од мало место во карипската земја Тринидад и Тобаго стана најомилениот напаѓач на секој навивач на Манчестер Јунајтед и најзаслужен за тројната круна на овој клуб во 1999. Сепак пороците кои ги носат славата и парите не го одбегнаа и него па се скара со Фергусон.
Легендата на Арсенал, Реј Парлоу раскажа неколку настани поврзани со комичниот трансфер на латвискиот стопер Игорс Степановс кој во 2000-те ни крив ни должен добил договор од „Топџиите“. Позадината на трансферот е комедија.
Кариерата на Паоло Ди Канио во Премиер лигата ќе се памети по неколку негови белези кои ги остави на островот. Три од нив сигурно се туркањето на судијата, фер плеј потегот кога ја фати топката со рака и го прекина мечот и ова ремек дело кое се прави еднаш во кариера. Се случи на денешен ден пред точно 17 години на мечот Вест Хем - Вимблдон.
Можеби има надеж дека стадионите повторно ќе бидат центар на работничката класа како што беа некогаш, а на овие „обични луѓе“ најголемата љубов им ја враќа Един Рахиќ.
Во последните осум сезони шпанските екипи дури 17 пати биле дел од четвртфиналето во Лигата на шамппионите, а англиските само пет пати. Мизерија за лига која дели милијарди од тв права и која ги има Сити, Јунајтед, Челси, Арсенал, Ливерпул и Тотенхем.
Од втори па до петти април ќе се играат најголемите фудбалски средби за годинава. Ќе уживаме во Лига шампиони, Лига Европа, Премиер лига и германска Бундеслига.
Третиот и првиот на табелата во втората по ранг англиска фудбалска лига Чемпионшип, Хадерсфилд и Њукасл одиграа меч на кои имаше киксови од нивото на седма лига. На крајот тимот на Рафа Бенитез славеше 1:3 и го зацврсти првото место кое води во Премиер.
Кога поранешниот тренер на ФК Работнички, Игор Ангеловски летото 2015 година пред турската спортска јавност изјави дека неговиот клуб располага со 350.000 евра, новинарите го прашаа дали е тоа месечен или неделен буџет. Тој одговори дека тоа се пари со кои клубот располага на годишно ниво. Токму пред тој негов состав капитулираше турскиот гигант Трабзон со буџет од 105 милиони евра.
Тренерите и играчите пробуваа сè за да го спречат. Се загреваа пред него, му местеа рекламни паноа за да не може да фати голем залет, навивачите му мавтаа, а Венгер бараше да се забрани неговото изведување аут.
Пред саботниот меч против Мидлзборо, група вандали, навивачи на Кристал Палас решиле да го оштетат клупскиот автобус за кој сметале дека е на Мидлзборо, а на крајот сфатиле каква глупост направиле.