Вандалите од Јужен Лондон ’го снимиле’ автобусот за кој мислеле дека е на Мидлзборо и решиле сабајлечки во сабота да го ишкртаат.
Ни на крај памет не им паднало дека тоа е клупскиот автобус на нивниот Кристал Палас.
Автобусот бил паркиран пред хотел близу стадионот на Палас “Селхарст Парк“, па вандалите му влегле со син, бел и црвен спреј и цел го ишарале. Кога играчите и стручниот штаб на Кристал Палас излегле од хотелот имале што да видат. Немале друго освен да влезат и да се возат до стадионот со бербат напрваениот бус.
Помошникот задолжен за одржување на теренот на Кристал Палас, Ден Вотерс постираше на Твитер слики од вандализмот и ја откри нивната утка.
„Штета од 40.000 фунти на нашиот автобус само затоа што мислеле дека е автобусот на Боро. Одлична работа“, твитна Вотер па после неколку часа го тргнал твитот.
Palace fans vandalise what they think is the boro coach. But boro flew down and borrowed one of the palace coaches causing £40k of damage 😅😅 pic.twitter.com/SsXn6F6KoR
— Rich Cook (@Rickyc1234) February 26, 2017
Вандализмот го потврдија и од клубот а со целиот случај е запознаета и полицијата.
И покрај тоа, Палас со 1:0 го победи Мидлзборо и избега од зоната за испаѓање. Сега има 1 бод повеќе од давениците. Во следното коло тимот предводен од Сем Алардајс игра против Вест Бром кој се искачи на осмото место на табелата по триумфот од 2:1 против Бурнемут.