Перо Антиќ дефинитивно им пркоси на годините, бидејќи откако наполни 30 ја живее втората младост на паркетот. Во време кога го носи епитетот ветеран, тој освои Евролига со Олимпијакос, заигра во НБА каде имаше значајна улога со Атланта, па се врати во Европа и потоа ја освои и со Фенербахче. А еве го сега на 35 години во Звезда, решава натпревари и против еден Реал Мадрид. Па има ли кошаркар од Македонија кој не сонува за една ваква кариера?