Со денешниот триумф против Енди Мареј од 3:0, Новак Ѓоковиќ стигна до 6-та Гренд слем титула на Австралија опен, вкупна 11-та во својата кариера и се израмни со Род Лејвер и Бјорн Борг. Рој Емерсон има 12, Пит Сампрас и Рафаел Надал 14, а прв е Роџер Федерер со 17. На Србинот му фали уште титула на Ролан Гарос.
Се денешниот убедлив триумф над Федерер, Ѓоковиќ има подобар меѓусебен учинок од Швајцарецот, но не само од него. По овој подвиг, приоритети му останувааат Ролан Гарос и ОИ во Рио де Жанеиро.
Флертот со фановите, оној спортскиот е многу важен за да направиш да те засакаат. И да беше 50 места подолу на рангот на АТП, најдобриот тенисер во светот со ваков пристап сигурно ќе беше магнет за оваа млада публика која живее за вакво внимание од нивните идоли.
Најдобриот светски тенисер изјави дека на неговиот тим пред неколку сезони му предложиле 100.000 фунти за тој да испадне во првото коло на турнир во Русија.
Во обид да ја импресионира својата тогашна девојка а сега сопруга Јелена, 18-годишниот Новак направил сè што можел во моментот. Проблемот бил во тоа што не знаел што е тоа што го нарачал за неа, па кога им донеле се стаписал.
Голем дел од ѕвездите на белиот спорт своите први асови, бекхенди, форхенди и дроп-удари ги учеле на некои од најпознатите тениски академии, основани претежно од поранешни играчи.
Некои ќе ги препознаете од прва, а за некои тенисери и тенисерки кои редовно ги гледаме на телевизија, нема да ви биде верно дека толку се измениле со текот на времето.
Годината што изминува белиот спорт ќе ја памети по доминацијата на Новак Ѓоковиќ и Серена Вилијамс, рутината на ветеранот Федерер, шарлатанското однесување на Ник Кирјос, како и по контраверзните изјави на некои тенисери дека меѓу тенисерките имало многу лезбијки.
Доколку сакате да ги одморите очите од компјутер или ве мрзи на пат да носите лап топ, анегдотите и пикантериите во спортот раскажани од најдобрите, може да ги најдете во книга. Еве мал дел од тоа што е добро за читање.
Швајцарскиот ас од Базел ја затвори 14-та сезона по ред во Топ10 листата и веќе на средината од јануари е спремен да тргне одново од Мелбурн. „Австралија Опен е голем објектив за мене. После тоа ме чека долга и тешка година".
Годинава му припаѓа на Ѓоковиќ кој целосно доминираше со 11 освоени титули и заработени 21,6 милиони долари, а мајстории покрај Ноле правеа и Федерер, Надал, Ферер, Монфис...АТП го спакува најквалитетното за гледање.
АТП турнирите оваа година имаа вкупен буџет од 151,4 милиони долари кои завршија на сметките на 3.500 тенисери. Ѓоковиќ освои 11 турнири и заработи 14% од таа сума, повеќе од Федерер, Мареј и Надал заедно.
За 81 минута игра, Новак Ѓоковиќ го совлада Рафаел Надал 6:3, 6:3 во полуфиналето на Мастерс купот во Лондон и по петти пат ќе игра во финалето на овој турнир. Во низата врвни потези на двајцата тенисери, се издвои еден за кој аплаудираше и самиот Надал.
„Ова е најдобрата година во мојот живот, нема дилеми околу тоа. Сè функционира одлично. Многу сум благодарен што можам да играм така добро и да бидам успешен“, изјави најдобриот тенисер во светот кој сезонава има 5 порази на 78 средби и 16 милиони долари заработка само од турнири.
Ден после освојувањето на УС опен, најдобриот тенисер во светот имаше збиена агенда за да стигне секаде каде што го бараа и потоа да се појави на традиционалното фотографирање во Централ парк во 10 сабајле. Една НБА ѕвезда му призна дека изгубил пари на него.
Најдобриот тенисер во светот ноќеска на финалето на УС опен, освен против Роже Федерер мораше да се бори и против притисокот на публиката која навиваше за Швајцарецот и го деконцентрираше Србинот кога требаше да сервира. На крајот им врати.
Словачкиот тренер кој носи големи заслуги за успесите на Новак Ѓоковиќ отворено зборуваше за односот со Борис Бекер и како работите по 6 напорни месеци, конечно легнале како што треба.
По 2 часа и 56 минути, Новак Ѓоковиќ стигна до својот трет трофеј на Вимблдон, а Роже Федерер по четврти пат излегува поразен од десеттото финале на Ол Ингланд клубот.
Типсаревиќ, Коларов, Вучиниќ, Ѓоковиќ, на сите им доаѓа природно да отераат некој у три лепе, особено кога губат, но даваше изјава кошаркарот Дарко Миликиќ се заборави
Акцијата е во тек, но не е познато за која победа се работи. Веројатно тоа е поради триумфот во осминафиналето на Вимблдон каде Ѓоковиќ два дена се мачеше против Андерсон и по негативата од 2:0 по сетови, успеа да направи пресврт.
Откако го доби маратонот со Кевин Андерсон со 3-2 во сетови, Новак Ѓоковиќ го анализираше мечот и се извини за тоа што во еден момент нервозно му се развика на девојчето што собира топки зад него.