таг: мишел уелбек

Излезе новиот роман на Уелбек - „Серотонин“

Книгата се појави во книжарниците во петок 4-ти јануари, а денес, 5-ти, таа е веќе на првите места на топ листите. Во Франција е издигната на ниво на национален настан. Повеќе

Каде е, што прави, Мишел Уелбек?

Во контекст на протестите во Париз против политиките на Макрон, не можевме а да не се потсетиме на еден автор кој одамна ѝ предвиде апокалиптична судбина не само на Франција, туку и на Европа. Го замисливме како осамен пие во некоја селска биртија и се кикоти дур гледа вести. Ама тој да ти се - оженил! Повеќе

Иги Поп и Уелбек во нов документарец
„Да се преживее: еден метод“

Кога Уелбек како млад живеел во соба со само еден душек во неа, на ѕидот имал постер од Иги. Овој пак во суровиот но хуман песимизам (да, има и такво нешто) на Уелбек ги препознава и сопствените битки. Двајцата сега се протагонисти на нов филм, кој би требало да ги охрабри сите оние млади уметници кои имаат проблем со себе и со светот. Повеќе

Голема фото-изложба на Уелбек во Париз

Неговиот последен роман „Покорување" (осврт тука) требаше да биде промовиран токму на денот кога се случи терористичкиот напад на Шарли Ебдо. Денес, кога сите го очекуваат исходот од можниот Брегзит, тој ноншалантно си отвара изложба. „Отсекогаш сум бил мајстор на тајмингот", вели со познатата камен-фаца. Повеќе

Зошто беше откажана промоцијата на новиот роман на Уелбек?

По нападот на Шарли Ебдо, една книга почна вртоглаво да се искачува на листата бестселери на францускиот Амазон. Насловот е „Покорување", се случува во иднината, а темата е - исламската закана на која е изложена Европа. Планираната промотивна турнеја мораше да се одложи. Повеќе

Видео од пеениот Уелбек
Изолација

Пред некое време најавивме дека поранешниот пејач на француската рок група од седумдесетите Téléphone, Жан Луј Обер, се подготвува да издаде соло албум чии стихови ќе бидат преземени од најновата книга на Уелбек. Еве го првиот сингл од албумот. Повеќе

Пеен Уелбек
Стихови полни оптимизам

Ле Фигаро објави информација дека поранешниот пејач на француската рок група од седумдесетите Téléphone, Жан Луј Обер, се подготвува да издаде соло албум чии стихови ќе бидат преземени од најновата книга на Уелбек. Повеќе

Каква врска имаат Гринспан и Уелбек?
Исто е, ама не е исто

Како една позната изрека, и тоа со слично значење само во различен контекст, може да зближи и толку идеолошки спротивставени ликови како некогашен директор на Федералните резерви на САД и француски романописец - нихилист. Повеќе

Филм за „киднапирањето“ на Уелбек
Ал Каеда или пиво?

„Лошото дете" на француската литература, кого многумина го нарекуваат еден од најголемите живи романсиери, во 2011 не се појави на планирана промотивна турнеја во Белгија и Холандија. Се зборуваше дека е киднапиран. Па, бил ли? Повеќе