Таг: марвел

Деценијата на неприкосновена Дизни доминација

Деценијата не само што се уште трае, туку како што покажаа рекордите од Црниот пантер, моментално е во најголемиот ек.

Од снимањето на апсолвентската фотка на филмскиот универзум на Марвел

По повод 10 години од првиот Марвел филм (по ново броење), на едно место беа собрани сите можни глумци кои играле Марвел лик за да направат една заедничка мега-фотка. Целиот сетап изгледаше како да си сред забавен парк полн со Марвел оригинали.

Авенџерси, раздвој се

Претседателот на Марвел студио, Кевин Фиџ, веќе ја наговести можноста за краен датум за сагата за најдоходовниот бренд филмски суперхерои, најверојатно не комплетно туку само како смена на генерации.

Премиерот на Канада во стрип на Марвел

Џастин Трудо се занимавал со разни работи во животот - боксувал, држел обуки за скокање банџи, има неверојатни јога вештини. Плус е млад и симпатичен. И, да, премиер. Доволно елементи за да се најде во стрип на Марвел.

Дизни има да ги исцеди Ѕвездени војни

По зборовите на директорот на Дизни, сагата околу Ѕвездени војни ќе продолжи и по завршувањето на новата трилогија, плус се планира враќање на Хан Соло, ама како 10-годишно момче.

Марвел, одмазден

Пред 15 години Марвел наспроти целата веројатност успева да избегне банкрот. Деновиве, тие се на пат да го надминат Хари Потер како најголема филмска франшиза во историјата.

Марвел Универзум хронолошки подреден

Како би изгледало кога сториите од филмовите и серијата се соберат во една хронолошки спастрена лекција по историја, која ќе ја раскаже досегашната приказна во светот на Марвел.

Петолетката на Марвел

Пет сосема нови наслови и пет продолженија е составот на третата фаза на Марвел, која треба да се развива во следните 5 години. Вчера беа објавени сите датум и наслови од третата фаза.

Крајот на Вулверин

Насловот на новата стрип-серија е "Смртта на Вулверин," ќе има четири делови, и во неа ќе се раскажуваат последните денови на еден од главните супер-херои на Марвел. Ама овој пат навистина последни.

Марвел го сотре ДиСи

Историски ДиСи уште во 70-те години незапирливо тргна во освојување на филмскиот пазар и парите од кино-благајните, кога главен и единствен глобален филмски суперхерој беше - Супермен, а Бетмен го имаше истиот статус на телевизија. Од тогаш до денес, ДиСи генерално останаа на овие двајца, додека Марвел извади се што има.

Марвел Универзум - фаза 1 и 2

За регуларната филмска публика, Марвел во изминативе десетина години само трупа нови филмови и продолженија со супер-херои. За тие што малку подобро се запознаени со стриповите на Марвел, сосема е јасно дека тие го градат филмскиот Марвел Универзум, кој треба да кулминира во претстојните години. Чувари на Галаксијата веќе е фаза 2 од проектот. Еве што направија до сега.