Во најдобрата англиска лига досега се одиграа 15 кола. Челси е прв, а зад него се двете екипи од Манчестер. Прв стрелец е Серхио Агуеро со 14, а зад него се Диего Коста со 11 и Алексис Санчез со 9 погодоци. Ефектни голови паѓаа од коло во коло, а колекцијата на најубавите трае 11 минути, колку што трае и меракот.
Во топ 16 фазата наредната година ќе ги гледаме Атлетико М, Јувентус, Реал М, Базел, Монако, Баер Л, Борусија Д, Арсенал, Баерн М, ПСЖ, Барселона, Челси, Порто и Шахтјор, а за уште две места вечерва ќе се борат пет екипи.
Најнеизвесна група во последното коло од првата фаза во ЛШ е групата Е, каде сите екипи се во игра за пласман во Топ 16 фазата. Баерн Минхен е сигурен со 12 бодови, а Рома, Сити и ЦСКА Москва имаат по 5 бодови и се во мртва трка.
Англискиот шампион повторно сними видео пред Божиќ, во кое се обиде да ги анимира играчите со смешни видеа, а кој прв ќе се насмее испаѓа од игра. Тој што најдолго нема да се насмее добива награда.
Доколку се играа само првите 45 минути Свонси и Евертон ќе беа на позиција за пласман во Лига на шампиони, додека второто полувреме најмногу му лежи на Манчестер Сити.
УЕФА стриктно се држи до финансискиот фер плеј, по што неколку клубови имаат забрана за нови трансфери. Сепак, тоа не е причина истите тие клубови енормно да ги плаќаат играчите во составот.
Левиот бек на Манчестер Сити овој пат не рецитира божиќна песна, туку боксува во ринг со човекот задолжен за опремата во клубот, Лес Чапман. Во улога на тренер на Чапман се појавува Един Џеко.
3-те клубови се Челси, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед, моментално првиот, вториот и четвртиот на табелата. Како и на сите останати и на сите анализава не и е јасно што се случува со Саутемптон.
Челси со петарда во Гелзенкирхен го завери осминафиналето, а шанси за таму се уште има и Манчестер Сити благодарение на пресвртот на Агуеро кој блесна со хет трик против Германците. Три пати на Кипар стрелаше и новиот владетелот во ЛШ, Лионел Меси.
На Граѓаните вечерва очајно им требаат три бода за да не испаднат уште во групната фаза од ЛШ, но пред себе го имаат германскиот првак кој сезонава има 22 победи во низа и само еден пораз на сите натпреварувања.
Пред натпреварот Сити - Јунајтед се судрија навивачите на двата тима, а снимката денес излезе во јавност. Хулиганите на Јунајтед дошле до паб каде веќе биле собрани „граѓаните“ по што настанал хаосот после кој се уапсени 15 хулигани.
Малечката Лили не сакаше да облече син џемпер за во школо, затоа што навивала за Манчестер Јунајтед а не за Сити. Нејзиното плачење се слушна до „Олд Трафорд“ од каде ѝ рекоа да не се грижи, затоа што ќе ѝ пратат син дрес од Јунајтед (третата варијанта на дресови на „црвените ѓаволи“).
Во вечерта на реми натпревари, Шахтјор успеа да постигне два гола во судиското продолжение. Победи славеа Баерн Минхен, Бате, Челси и ПСЖ. Бодовите ги поделија Ајакс, АПОЕЛ, Манчестер Сити, Шалке, Марибор и Рома. Нашиот Ибраими го одигра целиот меч за Марибор.
Една од најинтересните битки вечерва во Лигата на шампионите ќе биде дуелот помеѓу Манчестер Сити и Рома која веќе започна да се води на социјалните мрежи и тоа меѓу двата клуба.
Лестер не е исто со Манчестер Сити, но да се загуби 5:1 во градско дерби болката е поинаква, а најсилно ја почувстувал Сер Алек Фергусон и тоа на денешен ден пред точно 25 години.
Поранешната икона на Челси си замина од Премиер лигата, после склоп на околности се врати, облече друг дрес и постигна гол против своите со кои се растажи самиот, своите навивачи, но “предизвика“ и смртен случај.
Боатенг во последната минута му донесе три бода на Баерн во дербито против Манчестер Сити, Рома и Порто беа немилосрдни на домашен терен, а Шалке и Ајакс стигнаа до израмнување на дуелите со Челси и ПСЖ во втората ноќ од првото коло од ЛШ.
Гостувањето на „Емирати“ во Лондон чини многу пари, но оваа сезона „Граѓаните“ ќе им излезат во пресрет на своите навивачи кои лани откажуваа карти поради високата цена.
Манчестер Сити освои пет трофеи за четири години и откако славеше секаде каде што можеше во домашните натпреварувања, годинава ќе атакува на Лигата на шампионите со два тима.