На последните 34 натпревари помеѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед само еднаш се случило тимот што прв ќе постигне гол, да загуби. Тоа е меч одигран во ноември 1993 година.
Фудбалерите на Манчестер Сити воделе со 2:0, но за пресвртот се погрижил најпрво Ерик Кантона со два гола, а потоа Рој Кин кој го поставил конечниот резултат на четири минути до крајот. На останатите дерби пресметки до денес првиот гол е од витално значење.
На 27 од последните 34 дерби пресметки во Премиер лигата тој што прв ја тресел мрежата победувал. Црвените ѓаволи на тој начин стигнале до триумф на 17 од 20 средби, а Граѓаните добиле 10 од 12.
Освен според формата, Сити се фаворити и според следните два статистички показатели. На последните 20 меча во Премиер лигата на домашен терен први примиле гол на само 5 меча, а Јунајтед на последните шест гостувања први имале водство два пати, но ниту еднаш не освоиле 3 бода.
Вториот податок е тоа што од 2011 година тимот од „Олд Трафорд“ прв водел и потоа победувал на само два меча.