Меѓу другите многу смеење предизвикаа и оние: „Дајте ми десет дрва и Зинедин Зидан и ќе ја освојам Лигата на шампионите“ или „Хајнце е толку груб што би влегол во дуел и со баба му“.
Фудбалерот од средниот ред на Белгија и Манчестер Јунајтед Маруан Фелаини го дал на суд производителот на спортска опрема New Balance кој до неодамна правеше копачки дизајнирани за него, но тој се повредувал и сега ги тужи.
Популарната социјална мрежа на која сите бараат да се воведе опцијата „edit“, пушти срце со дуплирање на 140-те карактери. Некои спортски колективи и твитер корисници веднаш се отворија со твитови и се пофалија што сè можат сега да се направат.
И покрај тоа што се наоѓаме во ера кога скроз се изместени границите во однос на парите кои се трошат за фудбалери, сепак има уште клубови кои си го ценат своето и се потпираат на сопствените производи.
18 годишниот голман Миле Свилар синоќа постави рекорд откако стана најмладиот голман во историјата на Лига на шампиони. Претходно рекордот го држеше Икер Касиљас. Малиот заигра против Јунајтед, направи кардинална грешка кога влезе со топка во гол по центаршутот на Рашфорд во 64’ минута, па гостите го тешеа да крене глава горе.
Со 30-ина шута на двата гола и вкупно шест погодоци, Челси и Рома го оправдаа епитетот дерби на колото. Барса, ПСЖ и Баерн рутински. Јувентус непоразен на 25. меча дома во ЛШ.
Го даде Антонио Валенсија во триумфот на Манчестер Јунајтед против Евертон 4-0. Еквадорецот распали уште во 4’ минута и заслужено ја доби престижната награда за гол на месецот.
Толку е слатка додека ги изговара играчите што клубот од „Олд Трафорд“ решил на неа и на семејството да им даде ВИП карти за сите натпревари сезонава. Ги знае сите напамет со се броеви, презимиња, песни за нив.
На 11 години со ранец на грбот го испратиле сам од родниот остров Мадеира во големата метропола Лисабон каде му било тешко без најблиските. Денес на копачките има изгравирано зборови и последната работа што ја прави пред да истрча на терен е да ги прочита: „Сонот на малиот“.
Бенфика доживеа потоп и можеби најтежок пораз во европските натпреварувања. Конте и Челси освоија екстремно важни три бода пред самата судиска свирка за крај, а Јувентус рутински го победи Олимпијакос.
Иако противникот се вика Бартон, а натпреварувањето Лига Куп, сепак тоа што е убаво за око е убаво, па нека им служи како еден вид воигрување за со појаки екипи. Акцијата ја красеа брзи, точни и прецизни додавања, по некоја финта на Марсијал и завршница на Џеси Лингард. Инаку Јунајтед славеше со 4:1.
Телото за борба против расизмот Kick It Out пишало допис до клубот Манчестер Јунајтед по објавените видеа на кои се слушаат необични скандирања за Ромелу Лукаку.
Во пост фудбалската еуфорија од Супер Купот на Европа кој здравје понатаму можеби ќе се понови кај нас, налетавме на една легендарна средба од финалистите од пред 17 години, која заврши со 7 гола од кои 3 се на Роналдо, ама оној без коса.
Присуството на голем број Англичани и други навивачи на Манчестер Јунајтед кои се наоѓаа на источната трибина на Супер Купот и интонирањето на нивната химна, ни го доловија она што секој викенд се случува на Олд Трафорд. Колку само убаво звучи “Glory Glory Man Utd".
„Понекогаш кога победувам не ги чувам медалите, па замислете кога ќе изгубам. За мене, медалот веројатно ќе завршеше во некое ќоше во домот, а за тоа дете е месечината - нешто што ќе го чува и ќе се сеќава“, изјави Жозе Мурињо после мечот. Малиот се вика Деџи.
Група од стотина навивачи на Манчестер Јунајтед со пиво и песна се веселеа пред кафуле спроти Мајка Тереза. Во еден момент кортео со фанови на Реал Мадрид им упадна на проаѓање. Средбата мина без судир, туку со уште погласно навивање на Англичаните.
Само што им ги поделија медалите на фудбалерите и тренерите на Јунајтед, Жозе Мурињо тргна кон делот каде беа нивните навивачи и медалот му го подари на едно од децата на трибината. Голем гест за поздравување, за разлика од победничкиот тим кој недоволно ги удостои своите следбеници.
Со головите на Касемиро и Иско, европскиот првак славеше 2:1 против Манчестер Јунајтед и со ова гостување, прво во Македонија го круниса четвртиот трофеј во Супер Купот на Европа. Реал Мадрид беше подобар противник и заслужено стигна до пехарот. Кристијано Роналдо влезе во 82-ра минута.
Вечерашните противниците во клупската историја имаат играно неколку натпревари во Супер Купот. „Црвените ѓаволи“ од Манчестер го освоија еднаш а Реал има три трофеи од овој елитен меч.
И покрај големиот интерес на македонските фановите и новинарските екипи, пред хотелот ТЦЦ Гранд Плаза требаше да имаш двоглед за да ги видиш Мурињо, Лукалу, Матиќ, Рашворд и компанија. Полиција колку сакаш. Сликање и снимање, само ако имаш добар зум.
Во најсилниот состав, со сите ѕвезди меѓу кои и лидерот Кристијано Роналдо кој беше на поштеда но самиот инсистирал да игра утре вечер, европскиот шампион попладнево стигна во Скопје.
Градоначалникот на Скопје ги посети фан зоните каде ќе има музичка програма а на прашањето на новинарите за кого ќе навива утре, имаше занимлив одговор.
Едни од најсреќните луѓе од земјава поради Супер Купот се навивачите на Реал Мадрид. Го гледаа и бодреа во Париз, Минхен, Дортмунд, Неапол, Барселона, Милано, Торино и каде уште не, но сега имаат посебна задача: да се покажат како прави домаќини.
Иако ѕвездите на Јунајтед сè уште не се пристигнати во Скопје, пред хотелот ТЦЦ Гранд Плаза утрово не можеше да се помине. До селфи или автограм од Жозе Мурињо и неговиот тим изгледа дека тешко ќе се стигне.