Македонската ракометна репрезентација освои важен бод на вториот меч против незгодниот скандинавски противник со што ја задржа челната позиција во квалификациската група за ЕП 2020. Повторно драма, но во оваа за влакно ни избега победа.
Македонската ракометна репрезентација синоќа обезбеди прва историска победа на гостувањето против Исланд и со една нога е на Европското првенство следна година. Причините за поразот ги образложи Арнор Гунарсон на кој совршено јасно му е дека не се може против тоа крупно човече.
Не бе не сме живи ако не одиграме драматична завршница во ракомет. Гледаш, се нервираш, раце ти се потат и на крај или скокаш од радост или го трескаш даљинското од земја. Во 20 последните секунди синоќа на тешкото гостување против Исланд се случи ова: Заебавме напад, па заебаа напад, па заебавме пенал и на крај победивме за прв во историја во оваа земја.
Најдобрите македонски ракометари направија голем чекор кон пласманот на континенталниот шампионат во 2020 година, откако вечерва во крајно неизвесен и тежок меч за првпат во историјата го совладаа Исланд на гостински терен.
Македонската ракометна репрезентација ја оправда фаворитската улога против Чиле и со тоа го завршува Светското во Германија и Данска на 15-то место, исто како во Франција пред две години.
Македонската ракометна репрезентација го запишува и четвртиот пораз во низа на СП 2019. Русија ја казни слабата борбеност на нашите ракометари кои играа многу млако во одбрана. Митревски беше одличен со 15 интервенции, но Киреев блесна со 19.
Едни плукаат по Филип Лазаров, други по Талески, трети по Раул дека е со мислите во Париз. На крајот секогаш сите се селектори, а најблиску до тоа е сепак (и може да биде) капитенот кој убаво потсети на две важни, можеби најважни работи: Имавме тешка ждрепка и ни фалеа искусните играчи.
Македонската ракометна репрезентација го загуби и третиот меч во групата на Мундијалот во Германија и Данска, а тоа значи разигрување за пласман меѓу 13-то и 16-то место, што нема да биде задоволително за момците на Раул Гонзалес.
Онака како што и се предвидуваше, Македонија ги победи двете послаби селекции во групата, од двете посилни изгуби и сега останува да се удри машки на „Викинзите“ од Исланд.
Таки од ИХФ (Светската ракометна федерација), кој чат пат пишува колумни за Офсајд, издвои четири поенти за вчерашниот пораз на Македонија од Шпанија, кој практично го загубивме со блекаутот од 30-та до 33-та минута во која не решетаа со серија од 5:0.
Македонија го одигра можеби најдоброто полувреме на Светското, но само што почна второто, следуваше страшен пад во кој примивме пет гола во само три минути и победникот беше јасен.
Македонската ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз на Мундијалот во Германија и Данска во првиот сериозен испит кој беше многу тежок за положување.
Капитенот на македонската репрезентација својата светска одисеја ја започна од РК Загреб, клуб во кој дојде од битолски Пелистер во 2000 година. Хрватската јавност исклучително многу го цени Лазаров кој вечерва ќе игра токму против нив - на мегдан со Червар.
Најубавиот декор на македонската ракометна репрезентација на мечот против Јапонија беа овие две мали дечиња, кои уште не пркнати, на камен ладно време беа присутни на првата мундијалска средба.
Македонската ракометна репрезентација им покажа на Јапонците дека нема што да бараат во дуел со земја каде ракометот е спорт број 1. Со исклучок на тенката и неагресивна одбрана, Македонија ја оправда фаворитската улога.
Македонската ракометна репрезентација добро се загреа во пресрет на Мундијалот во Германија и Данска и со 37:31 ја совлада селекцијата на Србија. Имаме за издвојување три јаки голови кои со овации ги награди публиката во Борис Трајковски.
По повлекување на генерацијата што го освои четвртото место на ЕП во Литванија во 2011 година, се случи драматичен пад со несогледливи последици. Идентичен процес тропа на врата и со селекцијата која беше петта на ракометното првенство во Србија во 2012 година.
Капитенот Кире Лазаров, видно револтиран после мечот во Кожани изјави дека никој не ги сфатил неговите критики по слабата игра против Турција во Битола, а дека бил во право се докажа вечерва откако македонскиот ракомет го доживеа можеби најтешкиот пораз во својата историја.
По не баш убедливата игра против Турција во Битола, македонските ракометари вечерва го претрпеа можеби најтешкиот пораз откако играме квалификации против далеку послабо рангирана репрезентација. Грција - Македонија 28-26.
И кога победува и кога губи, и кога е евтино и скапо, и кога е клуб или репрезентација, мора, ама мора да има некоја глупоштина на нашата спортска сцена. Овој пат во режија на (не)луѓе кои сакаат да гледаат ракомет, ама да не платат.