Таг: луис суарез

Играјте од срце за Оскар - најстариот селектор на Светското првенство кој оди со бастун

Оскар Табарез е најстариот селектор на Светското првенство во Русија. Има 71 година а тешко се движи веќе подолг период наназад. Постојано му е потребна помош а најпроблематично му е да искачува скали.

Уругвај со италијански рецепт до осминафинале

Првпат од 1954 година селекцијата на Уругвај врза две победи по ред на почеток од Светско првенство и заслужено оди во осминафиналето.

Се одигра меч и на најчудниот стадион на Светското, Египет - Уругвај 0:1

По петардата на Русија над Саудиска Арабија на отворањето во Москва, денес во вториот меч од групата А во Екатеринбург Уругвај потешко од очекувањата го скрши отпорот на „Фараоните“.

Немој да гризеш луѓе и на овој Мундијал

СП 2014 е минато, ама зависи кој како гледа на тоа. Уругвајците на пример не се раат, особено детево кое имаше едно барање од Луиз Суарез да пази што прави во Русија или поточно да не го повтори она со Кјелини. Уругвај е во група со Русија, Египет и Саудиска Арабија. Таткото на детето: Шшш, срамота е демек.

Суарез заплака што другар му не оди на Светско

Луиз Суарез и Николас Лодеиро, центарфорот на Сиетл Саундерс во МЛС важат за најдобри другари во репрезентацијата на Уругвај. Нико играше уште и во Ајакс, Ботафого, Коринтијанс и Бока Јуниорс, а по два Мундијали, овојпат нема да игра на Светско зошто отпаднал од списокот патници во Русија.

Големи ѕвезди кои веројатно ќе го играат последното Светско

Секоја година во пензија заминува некоја од фудбалските ѕвезди. Светско првенство е веројатно најдобриот момент да се простиш со репрезентацијата.

Компилација од обидите на Суарез да добие жолт картон

Не му ги критикуваме квалитетите, ама без сомнение Луиз Суарез е пргав и прљав играч кој се служи со неспортски потези скроз недостојни за некој кој е дел од институција како Барселона. Следно коло играат со Лас Палмас, па со Атлетико Мадрид. Во последните 4 минути од дуелот со Џирона се гледаат апла 4 ситуации во кои сака да добие жолт за да го рипне Лас Палмас и да биде раат за дербито. Каков цреп.

Пргавоста на Луис Суарез - номинација за Глума на годината

Да играш во екипа покрај Меси, Иниеста и Кутињо, да си расен стрелец и да важиш за одличен центарфор а да го правиш ова е тотално несфатливо. Зошто?

Здраво Луис, намести ми дебитантски гол

На 17 февруари 2013-та година пред скоро точно 5 години, Луис Суарез му намести дебитантски гол на Кутињо за Ливерпул. Вчера Уругваецот пак му асистираше на Бразилецот, овој пат на Местаља во друг дрес. Кутињо само што влезе во игра даде гол.

Зошто Луис Суарез е најпргавиот играч?

Сезонава, како и секоја досега, се изнадава голови, има многу асистенции и е најзаслужен што Барса направи пресврт против Алавес и од 0-1 победи 2-1. Ама тоа не го брише фактот дека Луис Суарез е најпргавиот фудбалер во Европа. Го казнуваа со месеци, со недели, ама памет не му доаѓа.

Некогаш во војна, а сега заедно би организирале Светско првенство

Ноќта меѓу четвртокот и петокот, Уругвај и Аргентина одиграа исклучително важен меч од квалификациите за Свветско првенство а лидерите на двете селекции заедно ја промовираа кандидатурата за Светско 2030 во двете земји.

Како Меси и Суарез се спремаат за новата сезона

Жонглираат во мал базен и сè е мирно додека децата не почнат да им сметаат па Суарез во еден момент како да вика ’Мрш таму’!

Најбесмислените 5 трансфери кои можеа да се случат во Серија А

Во очекување на некој хит трансфер за ова лето, одиме со оние кои ќе беа или звучат најапсурдни. Каде ли ќе беше сега Меси и дали ќе беше тоа што е сега, ако во 2002-ра година потпишеше за Комо? Истото важи и за другите.

Фото на денот

До вчера изгледаа дека не сакаат очи да си видат, ама ги закопаа секирите и сега се најдобри другари. Убава беше сцената која ја приредија Кјелини и Суарез по завршувањето на синоќешниот натпревар од ЛШ. Напаѓачот на Уругвај доби прекар канибал и беше суспендиран 4 месеци откако го гризна на СП Бразил. Но Кјелини му прости за потегот и се смирија со размена на дресовите.

Хитот на Ед Ширан со имиња на фудбалери

Летово додека ќе се врти хитот 'Shape of You', некој ќе ја потпевнува оваа верзија во која се споменуваат Суарез, Колочини, Лукаку, Фаулер, Варди и останатите.

Судар на титаните од градот на реката Рио Уругвај

На денот на 30-от роденден на Кавани, на „Паркот на Принцовите“ во Париз ќе се сретнат двајца сограѓани од градот Салто, родени во иста година, само неколку дена разлика, а само еден ќе оди во 1/4 финале.

Катапултот на Меси, голот на Суарез и спорни моменти

Барса и Атлетико синоќа одиграа натпревар кој имаше сè: голови, шанси, пречки, црвени, жолти картони, груби фаули, спорни моменти и убави акции. Пречката го спречи Меси да го даде 28-от гол од слободен удар за Барса. Суарез даде гол па доби непостоечки црвен, а на Атлетико му поништија чист гол.

Меси и Суарез во битка со дронови

Јапонци се решија да летаат дронови за да ги тестираат нишаните на двете ѕвезди на Барселона. Откако сфатија дека не бива на сила, Суарез го најде чарето, а коментаторот е до толку внесен во приказнава како да се работи за Ел Класико.

Да беше тука Суарез, ќе седеше на клупа

Навивачите на Ливерпул синоќа против Вотфорд пееа песна која што ја насмеа целата фудбалска јавност. Според нив, тимот е толку добар што и кога би го имале Луис Суарез повторно, тој би седел на клупата за резерви. „Црвените“ играат препородено со Клоп.

Приемот на Суарез на топка фрлена од кран

Луис Суарез има неверојатен прием на топка, а тоа го покажа откако му фрлаа топка од кран висок 35 метри.

Историска дебата за фрленото шише на Местаља и глумата на Барса

На и онака големата врева по социјалните мрежи, шпанската фудбалска федерација фрли бензин во оганот со изјавата на Хавиер Тебас дека „тој лично би се засрамил после таква глума да отиде дома и да ги погледне децата“.

Суарез боксуваше и никој не го казни

Барселона мина лесно со Депортиво Ла Коруња која ја совлада со 4:0. Еден од стрелците беше Луис Суарез кој има се врати на недозволените потези на терен. Алехандро Арибас само 6 минути беше во игра и доби удар за кој Уругваецот немаат право да го бранат ниту ултрас навивачите на Барселона.

Колку несреќна имитација на Барселона

Пеналот кој го вратија во мода Меси и Суарез, се обидоа да го изведат во Перу. Добро тргнаа дечките, само фалеше некој да ја помести стативата едно 2 сантиметри.