Таг: луис суарез

Колку несреќна имитација на Барселона

Пеналот кој го вратија во мода Меси и Суарез, се обидоа да го изведат во Перу. Добро тргнаа дечките, само фалеше некој да ја помести стативата едно 2 сантиметри. 

Од што заработувале ѕвездите кога никој не ги знаел

Познатите и славни фудбалери денес заработуваат толку многу што може да си приуштат буквално сè. Но имало времиња кога носеле молерски костуми и весници на глава, влечеле количка со малтер или работеле како кондуктери во градски превоз.

Сите најдобри стрелци на Барселона

Луис Суарез стана 11-от член на Барселона кој стигна до наградата „Pichichi“ која му припаѓа на најдобриот стрелец во Ла Лига. Ја освојуваа имиња како Ромарио, Роналдо и Ето, но никој како Лионел Меси и по бројот на голови и по бројот на освојувања.

Што се случува со Барселона?

На 3. февруари Барселона ја прегази Валенсија со 7:0 во полуфиналето на Кралскиот Куп. На 17. април, Лилјаците славеа 1:2 и така им го нанесоа третиот пораз по ред на Каталонците, нешто што не се случило од февруари 2003. година.

На Суарез не му доаѓа памет

Го казнуваа поради расистички испад, во Англија пропушти десетина меча поради суспензија, го гризна Кијелини на Светското во Бразил поради што ФИФА го казни да не може да игра на дури девет меча за репрезентацијата. И после сè, памет не му доаѓа.

Барса ја казни наивноста на Ел Нињо, Баерн минимално

Фернандо Торес во 25’ му донесе на Атлетико водство, Јорганџиите имаа игра и шанси, но за само 10 минути шпанскиот напаѓач доби два ретко глупави жолти картони поради фаул на средината на теренот и ги остави соиграчите на цедило до крајот.

Меси и Суарез од Зимбабве

Родерик Мутума и Валентајн Н`Даба кои играат за Динамос од Зимбабве ги глумеа Меси и Суарез од Барселона. 

Суарез од паркинг

Нема ден да помине а некој од триото Меси-Суарез-Нејмар да не направи ново чудо со топката. По Аргентинецот пред некој ден, сега Уругваецот покажа дека докторирал на тема гол од позади ограда.

Суарез ја преживеа казната за настап за Уругвај

Откако го гризна Киелини на Светското во Бразил, ФИФА на 4 месеци го отстрани Суарез од фудбалот и тој пропушти 9 меча. Суспензијата сега му заврши и наскоро ќе игра за својата земја.

Барселона изведе акција од пенал

Меси, Суарез и Нејмар сезонава ги даваат речиси сите голови за Барселона, а на вечерашниот меч против Селта (6:1) изведоа нешто ново на Камп Ноу во кое учествуваа првите двајца,

Барселона е светски клупски шампион

Меси еден и Суарез два гола, доволно за убедлив триумф на Барселона од 3:0 (1:0) против Ривер Плата на стадионот Јокохама во Токио.

За млад играч само холандска лига

Во последните пет години, неколку фудбалери од холандската Ередивизија се преселија во поголеми европски клубови и на тој начин го докажаа фактот дека оваа лига е најдобра за старт на европска одисеја.

Навивачите најдобро ги ловат волеј головите на Суарез

Денешната жртва на триото на Барселона е Реал Сосиедад кој прими четири комада на Камп Ноу. Навивачите на Барса често снимаат во шеснаесетник кога Суарез станува стрелец.

Убиствените триа во историјата на фудбалот

Како и да ја поставиш одбраната против Барселона во овој период никако не оди. Меси, Суарез и Нејмар прават растур систем во напад, без разлика дали играат против Гранада или Реал. Оваа листа ги содржи само незапирливите легенди.

Волејот на Суарез во Матрикс верзија

Барселона ја наполни Рома со 5 гола за еден час игра, а еден од нив е фатен со мобилен од трибина.

Парадоксот на Златната топка

Според англиските букмејкери од Вил Хил, најголеми шанси за освојување на наградата најдобар играч во 2015-та година им се даваат на фудбалерите за кои знаат и врапчињата на гранките, Лионел Меси, Кристијано Роналдо и Нејмар, така што бесмислена е секоја листа на кандидати.

Браќата кои заиграа за различни репрезентации

Тешко дека го знаете Макс Виери, брат му на славниот Бобо или Матијас Погба, брат му на Пол, бидејќи едниот играше за Прато, а другиот за Кроли Таун. Познати браќа од фудбалот се Алкантара и Боатенг. И покрај тоа што се родени во иста земја, не ја претставуваа истата.

Најпознатите инциденти во фудбалот во детска верзија

Божјата рака на Марадона, гризењето на Суарез, главата на Зидан и уште неколку славни прљави моменти од фудбалот кои уште многу години ќе се раскажуваат, ги глумеа деца.

Брцањето прсти му е стара навика на Чилеанецот

Единсон Кавани ни крив ни должен доби црвен картон по провокацијата на Гонзало Јара на мечот во Копа Америка меѓу Чиле и Уругвај. На репрезентативецот на Чиле му извадија и други такви срамни потези кога ги чепкал Игуаин и Суарез.

Оди си од Ливерпул и освои Лига на шампиони

Луис Суарез ја одигра првата сезона за Барселона и веднаш го подигна најпрестижниот пехар во Европа. Од 2009 година тој е шестиот играч кој го напушта Ливерпул и потоа со друг клуб освојува Лига на шампиони.

Генијалниот гест на Луис Суарез преку Скајп

На младиот Матео од Уругвај пред две години му откриле канцер. За време на една од редовните консултации, во улога на доктор од Шпанија на Скајп се јави неговиот идол. На Матео му беше сеедно сè додека Суарез не ја пушти камерата и не му го разубави секојдневието.

Меси, Суарез, Нејмар 91 vs Роналдо, Бензема, Бејл 88

Убиственото трио на Барселона до сега сезонава постигна 91 гол во сите натпреварувања и само девет погодоци ги делат од клубот 100. Рекордот на постигнати голови во една сезона го држи Реал Мадрид.