Таг: ливерпул

Колку се офајдија клубовите од играчите кои им беа на ЕП 2016

Фудбалот до толку е станат бизнис што нема потег кој е неплатен, па така од секое Европско првенство клубовите тријат раце од своите играчи кои се репрезентативци.

5.000 долари трошок и 235 дена со точак за Ливерпул

Ви го претставуваме најупорниот и најхрабриот Кореец на долги стази кој имал вишок слободно време, пари, ептен издржлив велосипед и доста авантуристичка жичка во мозокот.

Гестот на третиот голман на Ливерпул по финалето од ЛШ во Истанбул

Нема фудбалер кој не го посакува на гради медалот од Лигата на шампионите, за кој потребно е и среќа во кариерата. Го нема освоено еден Ибрахимовиќ, ама го има актуелниот голман на Дерби кој по триумфот на Милан покажа колку е голем, без разлика што брани во втора лига.

Балканскиот "YU'll never walk alone"

VICE Србија најавува филм од 35 минути на тема навивачка страст за Ливерпул, ама со фанови од екс ју просторите. Има и наши луѓе, тоа се Игор, Фичо и Диме од Macedonian Reds кои ги интервјуирале во Загреб. Премиерата е закажана за в четврток, а момците велат дека дека филмот ќе биде мнооооооогу јак. 

Топка со очи

Џордан Хендерсон го има додавањето на колото во Премиер лигата кога во оваа акција му ја даде топката на Клајн како со раце.

Најдобриот навивачки момент за 2016-та

На 14-ти април годинава, Ливерпул и Борусија Дортмунд одиграа луд меч со дури 7 гола. „Црвените“ со гол на Ловрен во 97’ минута славеа 4:3 и се пласираа во полуфиналето на Лига Европа, но мечот го одбележи заедничкото пеење на You''ll never walk alone на Германците и Англичаните пред почетокот.

„Ми се смееа за скинатите копачки, а јас сакав само да играм“

Goal.com неодамна објави интервју со крилото на Ливерпул Садио Мане којшто раскажува колкав пат изодел од прашливите улици на едно селце во Сенегал, до катедралата на фудбалот „Енфилд Роуд“.

Зошто гол технологијата ептен врши работа

Ливерпул ќе сака што побрзо да го заборави гостувањето против Бурнемут, бидејќи имаше 1:3 и на крај загуби 4:3. Гол технологијата е до толку добра и прецизна, што успева да ги реши и ваквите ретки, ама важни ситуации кои шанса нема да ги процени точно судијата.

Најлошото голманско додавање во историјата на Премиер лигата

За чуварот на голот на Ливерпул на Википедија пишува: Лорис Кариус е професионален голман од Германија кој брани за Ливерпул. Човек да не го знаеше немаше да поверува дека голман од лидерот во Премиер лигата кој денеска го совлада Сандерленд со 2:0, може да направи ваков аматерски потег.

Најдобрите голови во кариерата на Џерард

Коп го викаше “Снајперот“ затоа што кога ќе се наместеше добро од убава позиција, двајца голмани не му го бранеа шутот. Стиви Џи вчера ја заврши активната играчка кариера и фудбалот остана без уште една легенда.

Que sera, sera - Стиви Џи ѝ кажа крај на кариерата

Фудбалот останува без една од најголемите легенди во историјата. Големиот капитен Стивен Џерард денес ја затвори книгата од неговата фудбалска кариера.

Хофенхајм го нашол Фирмино на Фудбал Менаџер

Еден од најдобрите бразилски фудбалери на денешницата, Роберто Фирмино во Европа дојде прво во Германија каде скаут на Хофенхајм го нашол преку видео играта Фудбал Менаџер.

Топовските голови на Руни како дете во Евертон

Вејн Руни е дете на вториот клуб од Ливерпул. Член на младинската школа на „Карамелите“ бил од 1996. година а за првиот тим играше од 2002. до 2004. година. Во синиот дрес постигна 15 ефектни голови иако уште беше тинејџер.

Ловрен раскажа за бегалскиот живот од војната

Дефанзивецот на Ливерпул и репрезентативец на Хрватска, Дејан Ловрен раскажа низ колку тежок период поминал во детството кога избила војната во Босна и Херцеговина.

Да беше тука Суарез, ќе седеше на клупа

Навивачите на Ливерпул синоќа против Вотфорд пееа песна која што ја насмеа целата фудбалска јавност. Според нив, тимот е толку добар што и кога би го имале Луис Суарез повторно, тој би седел на клупата за резерви. „Црвените“ играат препородено со Клоп.

Темата на која фан на Ливерпул може да се р`чне со фан на Јунајтед

Парите не се гаранција за успех. Тоа е доказ кој сме го виделе повеќе пати во фудбалот, а најсвеж е примерот во Премиер лигата каде треба да обрнете внимание колку потрошија летоска Манчестер Јунајтед и Луверпул, а каде се во моментов на табела. 

Фудбалерот кој не може да не го сакате

Некогашниот репрезентативец кој одигра 43 меча за Англија и постигна 22 гола беше учесник на две Светски првенства. Кога имаше серија од 18 меча без гол, навивачите и новинарите го распнаа, а подоцна се отвори и се изнадава голови.

Црнава мачка Мурињо ли ја прати?

Чекавме голови на дербито Ливерпул - Манчестер Јунајтед, а нив ги немаше „ни за лек“. Пред почетокот на мечот на „Енфилд“ традиционално грмеше You''ll never walk alone, а за тоа време една мачка се прошета по теренот. Режисерот ја примети и го забележа моментот.

Ривалството на Ливерпул и Јунајтед во една минута

Два тима, два града оддалечени 55 километри а ривалска омраза како никој никогаш. Вечерва од 21:00 на „Енфилд Роуд“ ќе се судрат лутите ривали. „Црвените“ од Ливерпул и „Црвените ѓаволи“ од Манчестер. Од една страна Јирген Клоп, а од друга Жозе Мурињо. Сигурно ќе пршти на сите страни.

Најсмешниот момент од дербито Ливерпул - Ман. Јунајтед

Вечерва се игра најголемото дерби на англискиот фудбал, Ливерпул против Манчестер Јунајтед. Двата најтрофејни англиски клубови имаат голема традиција на меѓусебни средби, а една епизода од 1980-та ќе остане запаметена засекогаш.

Аѕурниот брег го врати Марио од мртвите

Ако не го следите француското првенство, ќе ве изненади изгледот на табелата: После осум кола лидер не е ПСЖ, ниту Монако ниту Лион, туку Ница која што неодамна ја купи една група американско-кинески инвеститори. Лидери се благодарение на Балотели.

Како премиерлигашите нарачуваат на шанк

Во согласност со нивната (не)активност на трансфер пазарот, The Sun направи рапсодија од тоа како навивачите на најголемите премиерлигашки клубови на шанк нарачуваат пиво.