Таг: лионел меси

Фудбалер на Селта зел дрес од Меси и ги разгневил навивачите

Во саботата Барселона дома ја пречека Селта и славеше со 2:0 во меч од Ла Лига, а еден бек на гостите ги разочарал своите навивачи со непрофесионалниот гест.

Киево и Барса имаат да ви покажат нешто

Што имаат заедничко овие две екипи колово? Една не иста, ама слична акција во три потези. Колку се само слатки овие голови без многу потење, со две додавања од гол на гол, третиот допир со топка го претворија во погодок. Треба и да ти се погоди акцијата.

32 хет трик на Меси во кариерата

Со три гола и две асистенции, Лионел Меси го спушти на земја Леванте кого Барселона го декласираше со 0-5. Аргентинецот покажа дека за него нема граници.

Како Меси преку Ракитиќ им пратил на Хрватите 30 дреса

Воодушевен од тоа како Хрватите се бореа и играа на Светското првенство 2018, Лионел Меси преку соиграчот на Барса потпишал автограм на 30 дреса и им ги пратил на „коцкестите“.

„Кога читам во весник дека сум дал исто голови колку Меси, не ми се верува“

Најдобриот бомбардер во Ла Лига игра за Жирона. Се вика Кристијан и станува збор за центарфор кој постигна 11 гола на 12 меча досега во Примера. Меси по мајсториите против Еспањол има исто толку голови, а Аспас и Суарез имаат еден помалку.

Барди е втор најдобар стрелец од слободни во Европа, Меси е неприкосновен

Во каталонското дерби, Барселона со 0-4 го декласираше Еспањол а играч на мечот беше кој друг ако не тој - Лионел. Постигна два прекрасни гола од слободен удар и сега во 2018 има 9 погодоци од прекин.

Меси vs Јуве во слободни удари

Внимавајте на податоков. Лионел Меси во последниве четири години постигнал 18 голови од слободен удар. Само еден тим ја има таа бројка во истиот период од топ 5 лигите, а тоа е Јувентус, но со шест изведувачи. Барса синоќа го декласираше Еспањол на гости со 0:4, а Меси имаше не едно, туку две ремек дела од прекин. Гениј.

Што правеа Меси и Нејмар за време на Златната топка

Треба да имаат 100% обезбедено победа, а со тоа и целосно медиумско внимание, за да се појават, инаку вака излегува дека покажуваат колегијалност нула. Истото важи и за Кристијано Роналдо. Додека течеше церемонијата во Париз, Меси си играше дома со децата, а оној детињастион Нејмар игри играше, како да е прво одделение.

Можеше барем за половина да ја фатиш

Нема дефанзивец кој не се кочи кога треба да го чува Меси, ама чекајте сега да го видите тој како се кочи. Во споменик се претвори.

Во Барселона има ново чудо од дете

Се вика Карлес Алења, роден е во едно мало каталонско градче. Има 20 години и веќе го сметаат за можен наследник на Чави во средниот ред. Синоќа на додавање на својот идол го даде првиот гол во шпанското првенство.

Генијалниот дриблинг на Меси во забавена снимка

За чудесијата на Лионел Меси во дуелот со Фелипе Луис уште се зборува. Се појави ново видео снимено од поблиску на кое уште подобро се доловува како царот го уништува дефанзивецот на Атлетико. Каков е само тој прием со глава, па градење, па магичен потег кроз нозе по што навлече тројца играчи и пак најде решение.

Тоа е тој дриблинг на Меси против Фелипе Луис

Ако начинот на кој се загради и ја прими е мајсторски, тогаш што останува за тоа другото. Потег кој не сте го виделе до сега од Лионел Меси. Потег со кој го уништи стоперот на Атлетико Мадрид.

Девојката која прави пародија од пеналите на фудбалерите

Носи дрес од секоја мега фудбалска ѕвезда, го соблекува претходниот и неверојатно ги имитира изведбите на пенали.

Што биднало со згужваната салфетка на која е напишан првиот договор на Барса со Меси

Иако има годишен буџет од околу 30 милиони евра, фамозната академија на Барселона - „Ла Масија“ долго време се нечкала дали да потпише договор со малиот Лионел Меси чие семејство барало изнајмен стан, патни трошоци и плаќање школарина.

Јохан Кројф за тоа колку мора да се знае странски јазик

Еден од најголемите фудбалери и фудбалски тренери на сите времиња, Холанѓанецот Јохан Кројф во една прилика изјавил дека секој играч мора да знае да зборува макар два странски јазици.

Меси првпат после долго време имаше необична прослава на гол

Околу 90-ина минути траеше предавањето на професор Меси на „Вембли“ против Тотенхем каде со два гола и една асистенција покажа зошто викаат дека е од друга планета. Еден од головите им го посвети на своите синови.

Вечна дилема - кој е најдобриот шутер на слободни удари?

Прашање кое веројатно никогаш нема да има одговор затоа што имало и има толку многу мајстори зад топката кои изведуваат слободен удар и даваат гол кога сакаат.

Роналдо, Тоти, Меси и дедото од Лацио, тие се јунаците од прилика

На овој преубав ден на кој стартува новата сезона 2018/2019 од Лига на шампиони, одиме со најважните бројки од групната фаза на најелитното клупско европско натпреварување. Марко Балота уште никој не го стигнал.

14 клубови од Серија А имаат помал буџет од платата на Меси

Ја имаме листата на плати на сите екипи, играчи и тренери од италијанското фудбалско првенство. Споредено со најплатените петмина во Европа, тие изгледаат смешно. Или па можеби ова во Италија е некоја нормала за разлика од нив. Кој што сака нека каже, ама преплатени се суперѕвездиве.

Како изгледаше последната сезона во шпанска лига без Меси и Роналдо

Сезоната 2008/2009 беше последна во шпанскиот фудбал пред појавата на вечниот дуел Меси-Роналдо, но ќе се памети по многу нешта. Баш по многу нешта.

Лео е најтрофејниот играч во историјата на Барселона

Откако Каталонците после пресврт ја совладаа Севиља со 2-1 во мечот од шпанскиот Суперкуп одигран во Мароко, новиот капитен на Барселона по 33. пат се израдува на еден голем трофеј освоен со тимот од Камп Ноу.

Меси во недела може да стане најтрофејниот играч во историјата на Барса

Според многумина најдобриот фудбалер на планетата, утре вечер може да влезе во историјата како најтрофеен играч на каталонскиот гигант.

Фотка со чичкото кој татко ти го направи мајмун

Андрес Гаурдадо од Бетис е еден од стотиците фудбалери кои се жртви на брзината и безобразните дриблинзи на Меси. Прво го измести од игра, заедно со уште двајца, а потоа го однесе син му да се слика со него. Тоа е, фаца си е фаца. Едно е татко, друго идол.