Таг: лионел меси

Не е нормален

Во топ листата на стрелци во Ла Лига, кај Меси треба да има една посебна графа со голови од слободни удари,  Па кога и да отвори човек хајлајтс на Барселона каде тој е стрелец, има гол од слободен удар. 

Нема ти што да менуваш дрес со Меси, казнет си од клубот

Страстите по градското дерби Барселона - Еспањол уште не се стишија. Лионел Меси речиси никогаш не бара дрес, но од него бара секој жив на теренот. По саботното дерби поради тоа навивачите на Еспањол му се сипаа на едно од своите деца.

Папата: „Полека малку со тоа дека Меси е Бог“

Барселона викендов со 2-0 дома го скрши отпорот на лутиот градски ривал Еспањол а творец на триумфот беше кој друг ако не најдобриот на светот според многумина, Аргентиенцот кој повторно даде два гола, од кои првиот беше магија.

Преку 500.000 навивачи на Барселона ги избраа најубавите голови во историјата

На официјалниот сајт на Барселона имаше гласање за тоа кој погодок е најдобар во нивната 120-годиншна клупска историја.

Чипсот кој го прославија фудбалери и кој Меси го рекламира за 7 милиони евра годишно

Детството на голем дел од фудбалските миленијалци помина со легендарните реклами на Пепси со фудбалски ѕвезди. Нив ги снимаше американската компанија PepsiCo која освен што го произведува познатиот напиток, произведува уште десетина други производи.

Контрол Ц Контрол В

Украинецот од Сити, Олександр Зинченко во јануари кога го декласираа Бартон Албион во Купот постигна гол кој многу наликува на овој на Меси од синоќа.

„Тебе ти аплаудира цел свет, не само на Бенито Виљамарин“

Меси има повеќе голови од слободни од цел Реал Мадрид. Неверојатниот Аргентинец по којзнае кој пат го воодушеви цел свет со луд настап. Синоќа го постигна петтиот гол сезонава од слободен удар - 4 има во првенство и 1 во Лига на шампиони.

Навивачите на Бетис станаа на нозе за хет-трикот на Меси

Не се работи само за тоа што постигна хет-трик, туку начинот на кој го стори тоа. Ова е тој момент кога и противниците колку и да им е тешко за високиот пораз, ти признаваат дека си најјак и дека си им го направил тимот попара.

Смеа го фати коментаторот на ремек делото на Меси

По 18 минута игра на мечот Бетис - Барселона, Меси застана да изведе слободен удар. Кога светскиот фудбалски ас изведе совршенство од шут и му ја здрви на голманот во агол, коментаторот се изнасмеа во стил па не е здрав веќе што прави.

Знаете ли за клубот против кој Меси никогаш не победил

Лионел минатата недела против Лион во Лига на шампиони ја оствари 476. победа во дресот на Барселона и го израмни рекордот на Чави.

Роналдо како старее дивее сè повеќе

Имаме интересно видео со споредба на осум светска класа напаѓачи на кои им се прикажува реализацијата во секоја нивна возраст од кариерата. Во младоста најмногу растураат Агуеро и Руни, ама потоа едни други двајца им го земаат приматот и се качуваат на тронот каде се недостижни. 1.327 голови имаат заедно. Неверојатно.

Меси прати двајца по баничка во Милениум

Со два гола и две асистенции Лионел Меси блесна на реваншот против Лион и го однесе својот тим во четвртфиналето на ЛШ. Во контрата за 3:1 двајца гостински играчи се обидоа да го покријат Меси па летнаа мислејќи дека ќе шутира со лева. И сега ене ги заглавија кај Млечен.

Дуелот Рамос - Меси

Барселона одново, во рок од само четири дена го победи Реал среде Мадрид, овојпат со 0-1 со гол на Ракитиќ. Фудбалерите на Реал повторно се исфрустрираа што не можеа да дадат ниеден гол, па Рамос бесот го истресе врз Меси кој не му остана должен.

Во родниот град на Меси има култ за Че Гевара, но не и за Лео

Еден од најголемите револуционери откако е светот и векот, е симбол околу кој се обединуваат сите жители на Росарио, градот во кој е роден уште еден гениј кој ја смени историјата. Ова е приказна за почетоците на Лионел Меси.

Мајсторски волеј на Меси ала Зидан

Тој што го памети финалето од ЛШ 2002 меѓу Реал и Баер Леверкузен знае каква споредба правиме. Овие волеј удари во карате стил се посебно драгоцени и ретко се гледаат. Монструм е човеков. Севиља два пати водеше, ама Лео сам ја реши со хет-трик. Суарез само ги дотолчи во 93-та за 2:4.

Најинтересни моменти од ел класико Барса - Реал во Купот

20 дена ќе почекаме до реваншот на „Сантијаго Бернабеу“ кој треба да биде пеколен. Синоќа имаше неколку интересни моменти.

Го даде ли Барса синоќа најубавиот гол во сезоната?

Минатата недела Барселона изгуби 2-0 во првиот меч од четвртфиналето на шпанскиот Куп. Синоќа на „Камп Ноу“ ѕверски ѝ вратија на Севиља со 6:1. Два даде Кутињо, а по гол Ракитиќ, Серџи Роберто, Суарез и Меси. Лео постигна гол после неверојатна контра.

Ова Меси да го промаши?

Не се случило некој од едно метро на Меси да му одбрани ваков душмански удар и тоа со нога, ама и зошто погобу се засили толку јако да ја удира како да е оддалечен на 30 метри од гол?

Меси дал гол на 37 стадиони во Шпанија

Барса во неделата ја совлада Жирона, а Лионел Меси постигна убав гол на стадионот „Монтиливи“. Тоа е 37. стадион во Шпанија на кој неверојатниот Аргентинец дава гол.

Како почнал со фудбал чудесниот Френки од Ајакс кој потпиша со Барселона

Младиот Френки де Јонг е веројатно еден од ретките таленти кој имал проблем речиси со секој тренер во досегашната кариера. Никој не знаел да го препознае неговиот авантуризам на теренот.

Селфи на денот

Гасите нетот. Од штекер.

Од 400 гола во Ла Лига, Меси откри кој му е најубав

31-годишниот Лионел против Еибар го постигна јубилејниот 400. гол на 435 меча во Ла Лига. Во разговор за Mundo Deportivo откри кој му е најдраг.

Го паметите ли Пинто - вечно вториот голман на Барса кој сега е музичар

Во епохата на Пеп Гвардиола, една од најневеројатните ери во Барселона, на клупата седеше резервниот голман Хозе Мануел Пинто - препознатлив по долгата коса, плетенките и неретките циркуси.

Не бе не е јак, муабет му вадат

Ова е твитот кој ќе ви објасни што значи зборот доминација во целост. Лионел Меси сезонава е најдобар во дури 7 статистички категории во најсилните 5 лиги во Европа. СЕДУМ. Значи малтене во сè. Што ли ќе прави Барселона еден ден без овој човек? Ненадминлив е.