Фудбалерите на Зенит вечерва во реваншот од Лига Европа го совладаа Фенербахче со 3:1 и ја анулираа негативата од Истанбул, па заслужено одат во следната фаза. А големи заслуги за тоа имаат и навивачите на рускиот клуб кој преубаво ги испратија до стадионот.
Со капитенска лента околу раката, Аријан Адеми го предводеше Динамо во убедливата победа над чешки Плзен и со „модрите“ оди во следна фаза каде одат уште и Арсенал, Виљареал, Наполи, Салцбург, Валенсија, Зенит, Ајнтрахт.
Валенсија вечерва игра реванш против Селтик во Лига Европа, а шкотските навивачи вообичаено во голем број отпатувале да го бодрат својот клуб. Ама шпанската полиција им ја прекинала забавата. Синоќа биле уапсени шест Шкотланѓани поради нарушување јавен ред и мир.
Во пресрет на реваншот од Лига Европа меѓу украински Динамо Киев и грчки Олимпијакос, клубот од Пиреја излезе со официјално соопштение до своите приврзаници, во кое бара стриктно да се држат до некои совети, за да избегнат неволји.
Фудбалерите на руски Зенит во одлично расположение го чекаат реваншот со Фенербахче во Лига Европа каде ќе бркаат негатива од еден гол. За забава е задолжен џинот Антон Заболотни кој се препна од една сталка на тренинг.
И покрај ригорозниот правилник на УЕФА на стадион да не смее да се пали пиротехника, навивачите на Малме синоќа пред стартот на мечот со Челси направија фешта.
Стефан Ристовски и Аријан Адеми со порази ги завршија првите нокаут средби од ЛЕ. Динамо Загреб и покрај водството загуби 2:1 на гости од Викторија Плзен, а Спортинг беше поразен дома од Виљареал со гол во 3 минута. Адеми играше 90 минути, а Рики влезе во 27-ма минута откако се повреди Бруно Гаспар.
Откако беше извлечена ждрепката за елитната Лига на шампиони, попладнево во Нион ги дознавме и паровите од 1/16 финалето на Лига Европа. Од нашите интернационалци, Стефан Ристовски ќе игра во пиринејскиот дуел со Виљареал, Елиф Елмас против Зенит, а Аријан Адеми против чешки претставник.
Админите на Рома важат за едни од поинтересните твитерџии во светот на фудбалот. А ништо послаби не се ниту оние на Баер Леверкузен кои често ортачки настапуваат со Италијанциве. Синоќа Баер изгуби 2-1 од Ајнтрахт Франкфурт па админите на Лајпциг од нигде-никаде решија да ги пецнат „Аспиринџиите“ кои имаа спремен одговор.
Интер се посрамоти со ПСВ, Милан со Олимпијакос, а Наполи не ја издржа групата на смртта. Кај Шпанците не постои тоа „се посрамоти“ и тие не сакаат да чујат за елиминација уште во групна фаза. Последен пат киксирал Реал Сосиедад во 2014/2015.
Се вика Мбвана Самата. Роден е на 23 декември 1992 година во Дар Ес Салам, главниот град на Танзанија. По вокација е центарфор. Во татковината играл за Африкан Лајон и Симба, па потоа преоѓа во Мазембе од Јужна Африка.
На фудбалерите на Милан им се случи најнепосакуваното сценарио на гости против Олимпијакос. Пораз со два гола разлика и срамна елиминација. Од македонските претставници, Тричковски со АЕК ги завршува, а Адеми, Елмас и Ристовски ги продолжуваат настапите во ЛЕ.
По петте победи во низа, Челси ремизираше на гости против Види, каде главен судија беше Александар Ставрев. БАТЕ Борисов во таа група го победи ПАОК и со тоа ја зграпчи втората позиција. Во директен дуел пласман во нокаут фазата од ЛЕ обезбедија Рапид, Виљареал, Малме и Рен.
Ако за Лига на шампиони може да се каже дека конкуренцијата за најдобри навивачи е голема, истото важи и за Лига Европа каде за сега со сите изданија водат оние од Франкфурт.
Групата Ј во Лига Европа е најзаплеткана. Севиља и Стандард Лиеж имаат по 9 бода на второто и третото место и во последното коло ќе се борат за пласман понатаму. Синоќа во Белгија Стандард славеше со 1-0 а на крајот можеше и поубедливо. 93’ минута во судиското продолжение - легендарна акција:
За 1.358 дена во земјата која нема никаква спортска историја ќе почне Мундијал. На само недела пред католичкиот а 13 дена пред православниот Божиќ во 2020-та, ќе се игра финалето на првото зимско Светско првенство во историјата.
Таман кога помисливме дека нешто слабо патувате и ни праќање материјал од некое навивачко патешествие низ стадионите во Европа, ете ти мејл од две верни лацијалски души кои ако треба нема да спијат, само за да го гледаат Лацио, ама буквално.
Дани да Коста е десен бек на Ајнтрахт Франкфурт и најверојатно фудбалер со неостварена желба да биде новинар. На друг начин не знаеме да си го објасниме овој феномен, некој играч да сака сам да си поставува прашањата и сам да си ги одговара. 5-6 пати го изгледавме, се чудевме, се смеевме, а успеавме и да се снајдеме со превод од германски кој се надеваме дека ни е точен.
Лазарос Христодолуполус е единствениот фудбалер во грчкиот фудбал кој го облекувал дресот на најголемите грчки ривали. Роден е во Солун па играше за ПАОК, потоа за Панатинаикос, па го засакаа во АЕК и сега моментално е играч на Олимпијакос. Во април годинава даде страшен гол за АЕК со ножички во полуфинале на Куп, а синоќа за Олимпијакос против Дуделанж во Лига Европа (5:1) го повтори ремек-делото.
По пауза од 49 години Динамо Загреб се избори за нокаут фазата во Лига Европа, а тоа беше повод за лудо славје во соблекувална. На Фејсбук се јави и бегалецот Здравко Мамиќ кој им се заблагодаруваше и на куварките.
Аријан Адеми со Динамо Загреб е првиот патник од македонските претставници во нокаут фазата од ЛЕ. Елмас со Фенербахче и Ристовски со Спортинг се со една нога во следна фаза, а важна победа оствари и Николов со МОЛ Види. Елиминација на Тричковски со АЕК Ларнака.
Европската куќа на фудбалот го направи есапот за Лига Европа од сезоната 2017/2018. И покрај тоа што не беше финалист, на прво место според заработка е Арсенал, а на последно Вардар. Топџиите инкасирале 12 пати повеќе пари од Црвено црните.
Лацио освои 3 важни бодови против Олимпик Марсеј, ама како мина целото тоа гостување за Италијанците во Франција, среќа што останаа живи и здрави. Нападнат бил клупскиот автобус на гостинскиот тим на кој му скршиле два прозори.
Не треба многу да гуслате по нетов за да најдете некој еврогол од Лига Европа. Многу групи се и многу натпревари. Од вкупно 69 погодоци кои паднаа синоќа, ова е најкусата и најдобрата компилација на топ 7.