Од македонскиот шампион соопштија неколку детали околу претстојниот мега-дуел во рамките од плејофот за Лига Европа. Цената на влезниците предизвика бурни реакции кај љубителите на скопскиот клуб.
Штом Сан Сиро крцаше во 3-то квалификациско коло за ЛЕ, тогаш Шкендија дека биде спремна, бидејќи домаќинот ќе има поддршка од сигурно најмалку 70.000 навивачи.
Како никогаш до сега фудбалските клубови од нашиот полуостров тргнаа одлучно и офанзивно на меѓународната сцена. Бројката на екипи учесници е импозантна. Дури 15 балканци се на еден меч до пласман во групната фаза од Лига на шампиони и Лига Европа. Хрватите и Грците се најбројни.
По одиграните натпревари во квалификациите за Лига на шампиони и Лига Европа, нашиот клупски фудбал конечно живна во рангирањето и во моментов се наоѓа пред најсериозните фудбалски лиги на континентот според освоените бодови на рејтингот.
Во пресрет на денешниот реванш меч од квалификациите за Лига Европа меѓу Левски Софија и Хајдук Сплит (0-1), навивачите на бугарскиот состав цела ноќ палеле огномет, петарди, топовски удари и бакљи пред хотелот каде што се обиделе да заспијат гостите од Хрватска.
Освојувачот на Купот на Македонија, битолски Пелистер после долги години ќе игра во Европа, а за противник го доби можеби најтешкиот ривал од сите можни. Работнички и Шкендија поминаа добро.
Откако на крајот на април тешко се повреди на дуелот со Андерлехт, лекарите на Манчестер соопштија дека Златан може да пропушти 8-9 месеци. На почетокот на мај му го оперираа коленото па Лига Европа славеше на штаки. А веќе на 31. мај на Инстаграм приложи видео на кое се гледа како работи со топка.
Дефинитивно, или го обожувате или не го поднесувате. Без оглед на сè, Мурињо синоќа дури 12-ти пат во кариерата победи во едно финале и стана првиот во историјата што два пати освоил и Лига на шампиони и Лига Европа.
Не сакам моите играчи да ја чувствуваат Лига Европа како наше натпреварување, изјави Специјалниот како тренер на Челси, а четири години по таа изјава се тркалаше на земја од радост за трофејот со кој всушност ја извади сезоната на Манчестер.
Дека фудбалот на Островот е религија покажаа и навивачите на новиот освојувач на Лига Европа. Прво достоинствено и мирно оддадоа почит и изразија сочуство кон роднините и пријателите на загинатите од терористичкиот напад, а потоа искрено му се израдуваа на пехарот што никогаш не го освоиле.
Со Three little birds ја започнаа и ја завршија убавата европска одисеја. Ја пееја во Атина, во Виго, во Лиеж, во Варшава, во Копенхаген, во Гелзенкирхен, во Лион и на крајот во финалето во Стокхолм.
По 20 години традиција Топџиите ќе ги нема во Лига на шампиони наредна сезона бидејќи завршија на петта позиција со бод зад Ливерпул кој обезбеди квалификации. За тоа им следува ова видео.
Португалецот го освои вториот пехар во Лига Европа и на Манчестер Јунајтед му го донесе 42-от трофеј во клупскиот музеј, и стана првиот тренер во историјата со злато од Лигата на шампионите и Лига Европа.
Кога ја гледате вредноста на вечерашните финалисти во Лига Европа ќе помислите дека се среќаваат европски гигант против анонимен клуб кој едвај врзува крај со крај. Првото е точно, второто не. Оваа споредба во пари не веруваме дека го прави мечот помалку неизвесен и неинтересен за гледање.
Новиот претседател на УЕФА, Словенецот Александар Чеферин донесе одлука со која се менува решението на Мишел Платини од 2007-ма, на победниците во Лига на шампиони и Лига Европа пехарот да им се доделува горе на трибините.
Матејс Де Лигт е роден на 12. август 1999-та година, а веќе дебитираше за репрезентацијата на Холандија и е стандарден член на одбраната на Ајакс кој ќе игра во финалето на Лига Европа против Манчестер Јунајтед. Де Лигт речиси после секој меч ги довикува навивачите од теренот.
Фантастичната сезона на нивните клинци, кои направија чудо со пласманот во финалето од Лига Европа, навивачите на Ајакс ја бележат со песната Three little birds од Боб Марли. Каде и да гостуваше Ајакс, секаде ја пееја, па така беше и синоќа на дождливите улици на Лион каде еден уличен свирач се наполни со парички.
Не се жали што има помала минутажа од Де Хеа за кого вели дека е фантастичен голман. Му беше криво кога менторот Ван Гал кој го донесе во Манчестер замина, но кај Мурињо добива шанса да брани во Лига Европа.
Напаѓачот на Селта, Џон Гвидети подобро нека не гледа хајлатс од синоќешниот меч на Олд Трафорд или барем нека не го гледа крајот. Топката во последните секунди стигна до него на 5 метри на празен гол, а тој...
Фудбалерите на Лион со пресврт го совладаа Ајакс и за еден гол не успеа да го однесат мечот во продолженија. На другото полуфинале во ЛЕ Селта израмни во финишот од мечот на Олд Трафорд на кој имаше многу нервоза и два црвени картони.
Којзнае што ќе се случеше ако нашиот напаѓач лани не постигна гол во 89’ минута од мечот Спартак Москва - АЕК Ларнака на новата „Откритие Арена“ во Москва и не го потпишеше отказот на Димитри Аленичев после кој во клубот дојде некогашен тренер на Јувентус.
„За нас сезоната во Премиер е завршена, нема што да бараме“, заклучи Жозе и тргна голем товар од грбот на своите фудбалери кои сега мора да ја освојат Лига Европа за да се пласираат директно во Лига на шампиони. Ако сакаат да им дојде Гризман, секако.
Манчестер Јунајтед ја оправда фаворитската улога во првиот меч од полуфиналето на Лига Европа против Селта Виго и со поволен резултат ќе го чека реваншот на „Олд Трафорд“ за 6 дена.