Таг: кристијано роналдо

Како Нани му го украде ремек делото на Роналдо

Нани ги збудале навивачите на Фенербахче кои го пречекаа на аеродром, но еднаш го збудале и Роналдо на кој мајсторијата му пропадна во вода поради непромислениот потег на Нани.

Рече „да“ во стилот на Кристијано Роналдо

Врисокот кога Кристијано Роналдо ја доби Златната топка по долгата доминација на Меси уште е хит. Бурни аплаузи за тоа се добива и пред олтарот.

Отворена војна во Реал Мадрид, што точно се случува?

На Сантијаго Бернабеу врие како во котел, откако играчите се свртеа против управата. Рамос, Роналдо и Касиљас, секој од свои причини се револтирани од односот на Флорентино Перез.

Режимот на Роналдо после натпревар

Додека многу од играчите ги слават победите, Роналдо по секој меч почнува со своите посебни ритуали кои му помагаат да се опорави од напорните 90 минути и физички и психички.

Човекот што го откри бисерот од Фуншал

Аурелио да Силва Переира ќе остане запаметен во фудбалската историја како човек чие шесто сетило го најде дијамантот од местото Фуншал на островот Мадеира.

Дуелот на Меси и Роналдо продолжува

Сезоната за Роналдо заврши, но не и за Меси кој има шанса да биде подобар стрелец од Португалецот. Роналдо ја заврши сезоната со хет – трик против Ерменија, донесувајќи и ја на Португалија најбитната победа со која се многу блиску до ЕП следното лето.

Хет-трик вечер за Левандовски, Роналдо, Ширле

Втората вечер од 6. квалификациско коло донесе три хет-трика. Полска со 4-0 ја совлада Грузија, а шпицот на Баерн Минхен постигна 3 гола за 3 минути. Хет-трик синоќа имаше и Кристијано Роналдо на мечот Ерменија - Португалија 2-3, а три гола даде и Ширле за Германија против Гибралтар (7-0)

Најпривлечните фудбалери за спонзорство

Светските брендови кога сакаат да направат добра реклама и да извадат ќар од некој фудбалер со тоа што ќе носи нивни копачки или гаќици, најдобро да одберат од оваа листа на фудбалери од Европа, кои ретко кој не ги знае.

Поздрав од Кристијано Роналдо до Стиви Џи

Португалецот преку видео порака му посака сè најдобро на капитенот на Ливерпул, кој на крајот од сезонава го напушта тимот од Енфилд Роуд и заминува да игра во САД.

Кристијановци Роналдовци

Од школата на Ајакс секогаш излегува по некое играчиште, бидејќи веќе одамна е познато дека е една од најдобрите во светот. Децава се радуваат како најдобриот фудбалер на планетата за 2014-та и токму некој од нив може еден ден да стигне до тоа ниво.

Роналдо и натаму не ги рецка новинарите

Најдобриот фудбалер во светот реши да не дава изјави до крајот на сезоната, откако Реал Мадрид беше исвиркан на реванш осминафиналниот дуел кој го загуби со 3:4. Последниот новинар кој во движење му поставуваше прашања поврзани за дуелот со Јуве во ЛШ, доби само понуда за голтка сок.

Мајтапот со Реал на социјалните мрежи

Големата победа на Јувентус против Реал Мадрид вчера ги запали социјалните мрежи. Твитер и Фејсбук беа преполни со досетливи шеги на сметка на Кралскиот клуб, а најмногу го кркаа Роналдо и Серхио Рамос.

Јувентус го матираше кралот

Со головите на Алваро Мората и Карлос Тевез, Јувентус вечерва го победи Реал Мадрид 2-1 во првиот натпревар од полуфиналето на ЛШ. Кристијано Роналдо ја затресе мрежата на Буфон за надеж на Мадриѓаните пред реваншот.

10 анегдоти за најдобриот фудбалер на светот

Кориере дело спорт го открива минатото, детството и разни анегдоти за Португалецот кој утре вечер (20:45) во Торино ќе игра против Јувентус во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Меси, Суарез, Нејмар 91 vs Роналдо, Бензема, Бејл 88

Убиственото трио на Барселона до сега сезонава постигна 91 гол во сите натпреварувања и само девет погодоци ги делат од клубот 100. Рекордот на постигнати голови во една сезона го држи Реал Мадрид.

Роналдо има 300 или 299 голови за Реал?

Фудбалерите на Реал Мадрид викендов со 9 голови ја наполнија Гранада, а во центар на вниманието е Кристијано Роналдо на кој му честитаа јубилеј кој сè уште го нема достигнато.

Реал даде 7 гола за 55 минути, Роналдо 3 за 8 минути

Кралскиот клуб за последен пат даде седум голови за помалку од еден час во 1960-та година, во триумфот над Елче од 11-2. Денес за 55 минути, Кристијано Роналдо и другарите ја наполнија мрежата на Гранада. Португалецот за прв пат во кариерата даде пет голови на еден меч, од кои три за осум минути.

1,25 милиони евра неделно во џебот на Меси

Четирикратниот освојувач на Златната Топка не го доби ова признание минатата година, но не веруваме дека тагува. Во 2014-та тој е господин 65 милиони евра.

Класично Ел Класико

Со головите на Жереми Матје и Луис Суарез, Барселона го совлада Реал Мадрид 2-1. Единствениот погодок за „Кралевите“ го постигна Кристијано Роналдо и по вчерашниот триумф, Барса сега му бега на Реал 4 бодови. Најинтересните моменти од дербито.

Падот на Реаловата тројка низ бројки

Реал Мадрид испушти 11 бодови во 2015-та, за што најголема одговорност носи триото фудбалери кои блескаа до католичкиот Божиќ. Од тогаш наваму, не играат во препознатлива форма и веќе и го препуштија приматот на Барселона.

Роналдо 11 месеци без гол од слободен

Реал Мадрид киксна против Виљареал и тоа беше причина статистичарите да ги земат дигитроните во рака. Последното инфо е дека најдобриот фудбалер на светот не погодил од слободен удар од минатата година.

Роналдо на часови по дриблање кај Меси

Најдобриот фудбалер на планетата за минатата година, не е во друштво ниту на најдобрите 20 дриблери во Европа, а подобар од него има и Бразилец од Хофенхајм.

Хет-трик на Кристијано Роналдо

Приматот на фудбалска и модна икона Роналдо му го зема на Бекам. Постојано штанца милиони, се дотерува и не се дели од гелот, а на последните три вести поврзани за него нема да видите некое голчиште или дриблинг од терен.