Меѓу Диего Марадона, Пујол, Трезеге, Ван Бастен, Сидорф и останатите легендарни фудбалери, синоќа во Цирих на доделувањето на наградите на ФИФА се појави и човекот кој е најзаслужен за врвната кариера на Кристијано Роналдо.
На церемонијата „ФИФА награди“ во Цирих, наградата фер-плеј ја доби колумбискиот Атлетико Насионал поради предлогот титулата во Копа Судамерикана да ја добие бразилскиот Шапекоенсе.
Бесконечните суми во кинеската супер лига примамија суперѕвезди како Оскар, Халк, Тевез, но постојат играчи и тренери кои меѓу фудбалот и парите го одбраа фудбалот.
Португалецот е член на Реал Мадрид од 2009-та година, а од тогаш до денес за „кралскиот клуб“ постигна неверојатни 270 гола меѓу кои и учинок од 40 хет-трика.
Обично велат дека тој што е со топка не може да биде толку брз како тој што го брка, но не велите два пати така за Анри, Рашфорд и Меси или понекогаш и за Бејл. За брзи играчи важат и уште многу други играчи како Роналдо, Куман, Салах...
Со погодоците на Бензема и Роналдо, Реал Мадрид ја совлада Клуб Америка и се пласираше во финалето на Светското клупско првенство. За голот на Роналдо во 93-та беше употребена видео технологијата за да се утврди дали имаше офсајд, па судијата ги искомпликува работите.
Кога пред да потпише за Реал Мадрид во 2009-та изјави дека играњето во напад не е негова позиција, Роналдо практично погреши, бидејќи таа позиција и головите со кои решета веќе седум години му помогнаа да освои четири Златни топки.
Со повеќе од двојно гласови од Меси, Кристијано Роналдо стигна до освојувањето на Златната топка број 4 во својата кариера и му се доближи на својот ривал кој има само една повеќе. Заслугите за тоа одат најмногу поради освојувањето на ЛШ и ЕП во иста година.
Од сите тие милиони фанови на Кристијано Роналдо кои го следат на Фејсбук и Инстаграм, треба да обрнете внимание на само еден. Ај што “ги има“ неговите потези, туку и го чува до столната ламба.
Магазинот Forbes објави рејтинг на најбогатите спортисти во историјата. Кој од големите атлети заработил повеќе од милијарда, а кој е близу да стигне до оваа вртоглава сума?
Шпанските медиуми се до толку опседнати со Меси и Роналдо што имаат камери кои ги пратат само нив. Видеово не е ништо посебно, освен еден кус муабет кој ако точно го сконтавме шпанскиов оди вака: Роналдо: Како е, што се случува? Меси: Седи мирен.
Најголемите европски спортски медиуми на големо најавуваат откривање на еден од најголемите фудбалски скандали. Се споменуваат откривање докази дека многу познати фудбалери и тренери биле вмешани во незаконско работење.
Во пресрет на утрешното Ел Класико, јасно беше дека ќе се појави некаква паралела помеѓу најдобрите двајца кои секогаш се во фокусот на вниманието. Од што толку често се зборува за нив, веќе почна да не копка, за кои Меси и Роналдо ќе пишуваме кога овие двајца ќе одат во пензија.
Специфичниот удар таканаречен “сув лист“ ретко кој може да го усоврши како Бразилецот Жунињо од Лион. Но ете го Роналдо со топ 5 листа која ја објави УЕФА во која три се такви. Да не може да се реши човек кој е најатрактивен од третиот, четвртиот и петтиот.
Вечната дебата околу тоа кој е подобар/покорисен/поспретен на моменти изгледа бесмислена и празна. И едниот и другиот играат во иста ера, така што одговорот на дилемите го носат самите учесници во дискусијата. Како љубителите го бранат Португалецот во однос на чудесниот Меси?
Со првиот хет-трик сезонава, Кристијано Роналдо го потопи градскиот ривал на Висенте Калдерон, но ако судиите беа попрезицни во своите одлуки или ако лигата не штедеше пари на модерната гол-технологија резултатот ќе беше 0:4.
Селекцијата на Португалија летоска ја изненади Европа откако за прв пат во својата историја го крена пехарот на едно Европско првенство. Нивниот капитен и лидер се повреди во финалето и отскокнуваше од клупата и им даваше инструкции на своите колеги. Сите собрани емоции ги “исфрли“ по завршуваше во соблекувалната, а снимката од тој нивни историски 10 јули дури во јавност ја пушти Фудбалската федерација на Португалија.
Реал Мадрид е прв на табелата во домашното првенство и единствена екипа без пораз што е најбитно за нив. Но со оглед на тоа какво е егото на Кристијано Роналдо, тоа не е доволно за него.
Да ги имаш овие бројки од насловот до својата 31 година, навистина треба да го носиш прекарот магнет, бидејќи тоа си и за спонзорите и за фановите. Тие не те оставаат на мира, ама затоа едните те прават ултра популарен со милиони кликови на слика, а другите лудо те кешираат ако се напиеш сок или носиш гаќи во јавност.
Одговорен за добра атмосфера во репрезентацијата на Португалија очигледно е Рикардо Кварезма. Последна негова „жртва“ беше Кристијано Роналдо во тренинг кампот на репрезентацијата.
Точно е дека медиумите не им даваат на Меси и Роналдо да прднат и тоа е така поради нивниот статус на најголеми фудбалски ѕвезди на планетава. Ама кога не им оди, не им оди и тука нема љутиш, а Роналдо синоќа во Варшава имаше меч за заборав и плус се лутеше.
Последниот настан во кој Мората дава гол за Реал, а Кристијано во исто време крева рака како да сугерира дека соиграчот му е во офсајд одново ја разбрани јавноста. Сите се прашуваат дали еден од најдобрите фудбалери во историјата тоа го прави свесно или ненамерно.