Таг: кире лазаров

Македонија чека ждрепка за Европско 2020 и ја посакува Виена

Откако со 27-23 ја совладаа Грција во Струмица и удрија печат на пласманот на Европско 2020 како првопласирани во групата, најдобрите македонски ракометари сега ќе уживаат во ждрепката на 28 јуни во Виена.

Македонија победи во Турција и обезбеди петто Европско по ред

Македонската ракометна репрезентација победи на гостувањето кај Турција во Ескишехир 26-25 и обезбеди пласман на Европско првенство а има и големи шанси да заврши прва во групата.

Најавата за “македонското“ ракометно дерби во ЛШ

Ракометарите на Нант ќе бркаат негатива од 2 гола разлика на раванш осминафинален меч од ЛШ против Рајн Некар кој го загубија 34:32. Спасот го бараат во се знае кој.

Идол на сите генерации

Осминафиналето во ракометната Лига на шампиони стартуваше со македонска пресметка меѓу Филип Талески и Кире Лазаров. Битката на првиот дуел ја доби помладиот (Рајн Некар - Нант 34:32), а респектот во САП арената во Манхајм беше за Кире Лазаров на кој гостински навивачи, веројатно македонци, му подготвија транспарент.

Кире го изремети рускиот голман од пенал

Во оваа лоша серија од четири порази во низа на Мундијалот во Германија и Данска, како и секогаш наша најсветла точка е Кире Лазаров. Погледнете што му направи капитенот на рускиот голман од пенал. Лоб за сите пари, ама со другата рака. МАЈСТОРИШТЕ.

Слабиот ростер и тешката група си го направија своето

Едни плукаат по Филип Лазаров, други по Талески, трети по Раул дека е со мислите во Париз. На крајот секогаш сите се селектори, а најблиску до тоа е сепак (и може да биде) капитенот кој убаво потсети на две важни, можеби најважни работи: Имавме тешка ждрепка и ни фалеа искусните играчи.

Одлично прво полувреме и дебакл на крај - Шпанија нè декласираше

Македонија го одигра можеби најдоброто полувреме на Светското, но само што почна второто, следуваше страшен пад во кој примивме пет гола во само три минути и победникот беше јасен.

Моментите кога ти е преубаво да ја гледаш Македонија на СП

Македонските цепелини се добро познат белег во играта на нашите ракометари и тие не го бираат противникот. Шпанија тоа го почувствува на Мундијалот пред две години кога загубивме со 4 гола разлика. Па нека биде така и вечерва, ама со резултат во наша полза. Да ве потсетиме како Кире ги потепа на СП 2017 во Франција.

Кире за ХРТ го најави дуелот со „коцкестите“

Капитенот на македонската репрезентација својата светска одисеја ја започна од РК Загреб, клуб во кој дојде од битолски Пелистер во 2000 година. Хрватската јавност исклучително многу го цени Лазаров кој вечерва ќе игра токму против нив - на мегдан со Червар.

Македонија го скроти и Бахреин

Најдобрите македонски ракометари ја остварија и втората победа на Светското првенство 2019, откако попладнево го совладаа Бахреин со 28-23 (12-8).

Лазаров шоу на Фичо и Кире

Ретко минува натпревар на Македонија без цепелин, без разлика дали противникот се вика Јапонија или Шпанија. Беа трпеливи, се обидоа еднаш, па два пати, па им успеа од трета мајка. Овој пат цепелинот беше братски.

Ревија на атрактивни голови на момците на Раул против Србија

Македонската ракометна репрезентација добро се загреа во пресрет на Мундијалот во Германија и Данска и со 37:31 ја совлада селекцијата на Србија. Имаме за издвојување три јаки голови кои со овации ги награди публиката во Борис Трајковски.

ИХФ нè загрева за Мундијалот со цепелин на Кире

На три недели до Светско ракометно првенство во Германија и Данска, ИХФ ги објави најубавите 10 гола од претходниот Мундијал во Франција. Во таа конкуренција влезе потегот по кој станавме препознатливи. Двоен цепелин, убавина за очи и душа.

Пораз на Македонија од Грција

По не баш убедливата игра против Турција во Битола, македонските ракометари вечерва го претрпеа можеби најтешкиот пораз откако играме квалификации против далеку послабо рангирана репрезентација. Грција - Македонија 28-26.

Кире не го заборавил легендарниот Дади од Пелистер

Иако поминаа две децении откако го носеше дресот на Пелистер, капитенот не го заборавил долгогодишниот економ на клубот каде ја почна кариерата во 1997-ма година. По долги години Кире повторно заигра ракомет во Битола и се сретна со Дади на кој му го подари дресот. Низ насмевка рече дека многу добро го гледал кога бил играч на Пелистер.

Кире не ги ферма годините и игра во топ форма

Некој знаеше да каже: Што па од Барселона замина во Нант? Одговорот е прост: За да гази и таму и да и покаже на француската публика што знае старата незаменлива искусна македонска коска. Без него топки што ќе беа први.

Пеколно тешка група за Вардар во Лига на шампиони, Металург задоволен

Иако ја доби улогата носител во посилната половина од групите, ждрепката му донесе многу тешка група на Вардар, а Металург ќе може полесно да дише затоа што игра со ривали кои не се баш непобедливи.

Македонија се пласираше на Светско првенство!

Најдобрите македонски ракометари ја сочуваа големата предност од Скопје (32-24) и по шести пат (четврти пат во низа) обезбедија пласман на Мундијалот во Германија и Данска на почетокот од 2019.

Лазаров го потопи ПСЖ и го однесе Нант во финале

Ракометарите на Нант направија сензација на првиот полуфинален дуел на фајнлфорот во Келн. ПСЖ е на колена, а еден од најзаслужните за ова големо изненадување е капитенот на Македонија кој го исфрустрира светскиот голман Омејер и испиша нова историја во ЛШ.

Кире Лазаров влезе во историјата како најдобар стрелец на Фајнал Фор

Најдобриот македонски ракометар на сите времиња, Кирил Лазаров попладнево стана најдобриот голгетер на Ф4 турнирите во ЛШ кои се играат од 2010-та во ваков систем на четири најдобри.

Кире е најголем лутко, а Манасков спанко

„Ил капитано“ за кој се молиме вечерва да го видиме на паркетот, одговара на блиц прашања за своите колеги и со тоа ни открива неколку нивни особини. Си кажа една и за себе.

Кире: Столе има срце како планина, него сè му е дозволено

Македонската ракометна репрезентација е во друштво на четирите великани Франција, Шпанија и Шведска кои завршија лидери во своите групи, па не треба да не чуди што за успехот на нашите јунаци се интересираат и новинари од регионот.

Страшниот двоен цепелин на Лазаров и Георгиевски

Македонија предводена од Ел Команданте Раул игра врвен атомски ракомет и со големи три бода оди во следната фаза. Вечерва и актуелниот европски шампион Германија на своја кожа го почуствува нашиот најдобар рецепт.