Таг: кикстартер

Писателот кој успеа да собере над 20 милиони долари на Кикстартер (и уште собира)

„Изненадување! Четири тајни романи од Брендон Сандерсон“, гласи насловот на Кикстартер кампања, чија цел беше да собере еден милион долари. До денес, 7.3,  со уште 25 преостанати денови од кампањата, собрани се многу, многу повеќе. 

Каква е таа професија „корпоративен етнолог“?

Додека кај нас етнологијата главно асоцира на истражување народни носии, правење муабет со селски старци и запишување фолклорни мудрости, етнолозите од други краишта на светот во меѓувреме на научиле како (скапо) да им се продадат на современите корпорации.

Стриптастик: илустрирана книга за тоа што значи да заработуваш од стриптиз

Стрип-албум за стриперската професија, направен врз основа на изјави на 300 соговорнички од бизнисот, а издадена со пари собрани преку кампања на Кикстартер. 

Акција за реиздавање на „Златната плоча“ на Војаџер

Откако две копии од снимките се испратени во вселената, каде сè уште талкаат во потрага по некој што ќе ги види и слушне, на Земјата останале само мал број примероци oд нејзината „лична карта“. Сега една Кикстартер кампања се обидува да ја исправи работата.

Кодекс силенда: книга која се чита решавајќи загатки

На Кикстартер во моментов е во тек кампања за донирање средства за една интересна книга, која за само дваесет дена собра четири пати повеќе пари од планираната сума.

„Валден“ за 21 век

Еден човек врз кого славното дело на Торо извршило големо влијание, сака да ја преведе и тоа од англиски - на англиски. Неговата цел: да им ја приближи оваа книга напишана на 19-вековен јазик и на новите генерации.

Чип, компјутерот од 9 долари

За 9 долари не добиваш монитор, тастатура, маус или пак маус пад , ама за тоа добиваш процесор од 1 гигахерц, 512 МБ рам и 4 ГБ меморија, плус вградено ВиФи и Блутут.

Предмети кои потсетуваат дека не ви се потребни+апдејт

Елиот Спелман на Кикстартер се обидува да потегне производство на многу интересни не-производи - буквални репрезентации на идиоми, стилски фигури и поговорки. Пример? Камен, хартија, ножички. Дрвја кои кога паѓаат во шума нема кој да ги чуе. Сендвич со сè. Предлог за наши дизајнери да пробаат со материјализирање на локални концепти како „промаја“ или етички дилеми познати како „змија/магаре“. 

Купено!

Никогаш до сега не сме биле волку возбудени околу реклама за преносен фрижидер. Ама ова е чудесии. И не е дека е до нас, проектот за мини-фрижидер на Кикстартер бара финансирање од 50.000 долари, собра вкупно 13,28 милиони долари, од 62.642 поддржувачи.

Што нè научи компир салатата?

Кикстартер идејата да се соберат 10 долари за правење компир салата, заврши со неверојатни 50.000 долари. Иако признава дека сè почнало како заебанција, човекот кој ја водеше оваа лудо успешна кампања има пар совети за сите оние кои планираат да соберат пари од луѓе на интернет.

Донации за Бар Рафаели

За тие што знаат што е Кикстатер, ви го претставуваме најдобриот проект на сите времиња: домашно секс видео од Бар Рафаели. За тие што не знаат што е Кикстартер: Бар Рафаели.