Загадочната книга се состои од пет страници, а секоја од нив содржи посебна „тајна“, која треба да се открие за буквално да се отклучат следните страници. Како што се напредува низ книгата, така се развива приказна за чирак во работилница на Да Винчи, кој самиот наидува на Кодексот. Спојлер: Да Винчи самиот ја има направено книгата како стапица за фаќање на можни шпиони во неговата работилница. Единствениот начин да се спаси чиракот (и вие) е да се решат загатките пред мајсторот да се врати од пат.
Инспирацијата на креаторите на Кодексот им дошла од фактот дека сличните „играчки“ се или премногу едноставни и евтини, или рачно направени и многу скапи. Освен тоа, откако еднаш ќе се реши, загатката веќе не е интересна. Кодексот затоа содржи пет различни задачи кои прават приказна која ги спојува сите нив, а убавиот дизајн значи дека и откако ќе ги решите сите можете да ја поставите како украс на полица.
Загатката на првата страница е Механичката зеница, на втората Ротирачки лавиринт, третата Женевскиот механизам на тркала, четвртиот Парадоксалните лизгачи, а петата и последна страница е заклучена со код од четири руни, на измислен јазик.
Кодексот се прави рачно, но се користи предноста на ласерската технологија за сечење, бидејќи деловите мораат да бидат направени многу прецизно, за да не се појави механички проблем во нивното отклучување.