Двете победи на стартот ги замаскираа сериозните тактички проблеми во Ла Роха. Јавноста го бомбардираше Дел Боске со прашања зошто немало место за Коке, Тиаго, Азпиликуета, Габи, а имало за ветераните Хуанфран и Адуриз?
Во еден од поинтересните дуели на ЕП, Англија го совлада Велс 2:1, а мечот го одбележи голот на Бејл од слободен удар со што стана првиот играч од 1992. година кој дал два гола од слободен на едно Европско.
Земјата која има мажи колку што Општина Аеродром има жители и која има 20.000 фудбалери, за разлика од Англичаните кои имаат над 4 милиони е само најава за сите шеги кои денеска ќе паднат на сметка на Англија која два пати за само една недела излезе од Европа.
Италијанскиот селектор до теренот буквално делува како 12-ти играч. Не престанува да мавта, да вика, да скока, да се нервира и да вришти. Затоа и Италија стигна до четвртфиналето каде ќе игра против Германија.
Англиската јавност, шокирана од поразот од Исланд веднаш после мечот распали по играчите и селекторот Рој Хоџсон кој си даде оставка заедно со помошникот Гери Невил. Легендарниот Гари Линекер на Твитер напиша: „Најтешкиот пораз во нашата историја. Англија загуби од земја која има повеќе вулкани од професионални фудбалери. Добар меч Исланд."
После Грција европски првак во 2004 и Лестер премиерлигашки шампион во 2016-та, Исланд го направи третото чудо во поновата фудбалска историја откако со 1:2 ја совлада Англија во осминафиналето на Европското во Франција. 10% од вкупната популација на Исланд (330.000) е на Европско во Франција. Тие што останаа, се радуваа на плоштадот во Рејкавик.
Ако по чудото против Австрија кога дадоа гол буквално во последната секунда за сигурен пласман понатаму, исландскиот коментатор полуде, тогаш претпоставуваме што му се случувало на дуелот против Англија. Историски меч за неговата земја.
Фудбалерите на Исланд го направија најголемото изненадување во досегашниот тек од Европското, откако со 2:1 го совладаа големиот фаворит Англија и заслужено одат во четвртфиналето каде ќе се сретнат со домаќинот.
Арон Гунарсон започнал ракомет и на 15 години дебитирал во исландското првенство. Преку ноќ сфатил дека му се игра нешто друго и дека ракометот не го задоволува. Од тој момент започнува неговата неверојатна кариера.
Во студио се Гери Линекер како водител, а Тиери Анри, Алан Ширер и Рио Фердинанд како гости. Темата е дали имаше пенал или не за Ирска против Франција на што право на мислење доби и Анри, човекот кој му асистираше со рака на Галас против нив на квалификациски меч за СП 2010 и поради тој гол не отпатуваа во Јужна Африка. Реакцијата му е врв.
Фудбалерите на Белгија го покажаа својот голем потенцијал, а жртва на нивниот пат во нокаут фазата беа Унгарците кои до 78 минута се држеа на 1:0, a потоа доживеаа дебакл. Во четвртфинале тимот на Марк Вилмотс оди на Велс.
Селекцијата на Германија не дозволи никакво изненадување во петтата осминафинална пресметка на ЕП 2016. 18:7 во шутеви кон гол, конечен резултат 3:0. Во четвртфинале ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Италија и Шпанија.
Домаќинот на Европското првенство можеше многу лесно со наведнати глави да ја заврши европската авантура пред своите навивачи ако ја немаше гол машината на Атлетико Мадрид. Ирците водеа скоро еден час, но Гризман за 3 минути им ја сопре сензацијата.
Навивачите од Република Ирска секојдневно прават нови лудории, а ништо послаби не се ниту Северноирците. Нивната заразна песна за напаѓачот Вил Григ стигна и до пожарна.
Репрезентацијата која што најмногу покажа во групната фаза на ЕП загуби во осминафиналето од Португалија која благодарение на голот на Рикардо Кварежма во 117. минута оди во четвртфиналето на Полска.
Во еден од најдосадните натпревари на Европското. Велс ја совлада Северна Ирска со автогол во 75. минута и на 1-ви јули ќе се сретне со Унгарија или Белгија.
Репрезентацијата на Полска се избори за прво историско учество во четвртфиналната фаза на Европските првенства откако беше подобра од Швајцарија во пенал серија со 5:4. Таму ќе вкрсти со подобриот од дуелот меѓу Хрватска и Португалија.
Селекциите на Швајцарија и Полска ги донесоа првите големи возбудувања на првиот меч од нокаут фазата. Отвори Блашчиковски во првиот дел, а Шаќири одговори на 8 минути до крајот со најатрактаивниот гол на ова Европско првенство.
Хулиганите направија проблем, Дарио Срна го погреба татко му по мечот со Турција, селекторот држи кафуле во Загреб и со години не бил тренер, државата најподелена уште од независноста, а Хрватска игра најубав фудбал на Европското. Како?
Нов рекорд на Роналдо, сензационални одбрани на Северноирецот против Германија, голот на Димитри Паје, потезите на Иван Перишиќ се само некои од моментите кои ја одбележаа првата фаза од Европското.
Гудмундур е поранешен исландски репрезентативец. Син му игра за ПСВ Ајндховен, а прадедо му бил првиот професионален фудбалер од Исланд, играл за Милан и Арсенал и бил министер за финансии.