Фикајо Томори е 21 годишен Канаѓанец од школата на Челси. Дефанзивецот се калеше во помали клубови, а има изгледа добро се искалил бидејќи Сините сезонава му дадоа 12 шански за настап на сите натпреварувања.
Легендарниот голман на Челси, Арсенал и чешката фудбалска репрезентација, Петр Чех го имаше своето деби во спортот кој го сакал уште од детството. Го чуваше голот на Гилдфорд Феникс и стана јунак на вечерта со спасен решавачки пенал за победа против Свиндон Вајлдкетс.
Англискиот репрезентативец Рос Баркли решил да искористи слободен ден да скокне од Лондон до Ливерпул, ама таму во такси направил бербат со остатоци од храна, па одбил да плати глоба за чистење по што таксистот решил да викне полиција. На крај Баркли отишол до банкомат да извади пари за казната.
Пар другари во метро во Лондон, му пеат на трет другар „Оу Теми, Теми“ затоа што многу личи на шпицот на Челси, изненадувањето на сезонава Теми Ејбрахам. И еден дедо што од 51-ва година навивал за „сините“ се навлекува и оди да се слика со случајниот минувач.
Во светскиот фудбал има аксиома: Нголо Канте е со сигурност еден од најскромните и најпријатните играчи, далеку од бурниот живот на суперѕвездите од насловните страни. Канте е људина.
По синоќешната гала вечера на која беа извлечени групите за новата сезона во Лига на шампиони, попладнево во Монтекарло се извлекоа и групите за второто по ранг европско клупско натпреварување.
Летово Интер направи рекорден трансфер откако на Манчестер Јунајтед му плати 65 милиони евра за центарфорот Ромелу Лукаку. Белгиецот освен што е расен стрелец, важи и за полиглот кој зборува осум јазици.
За оние кои не слушнале, Кристијан Пулишиќ е Американец со хрватски корени. Роден е во Пенсилванија во 1998 година. Има 20 години а веќе е голема ѕвезда за која Челси му плати 64 милиони евра на Дортмунд. Кристијан е лидер на репрезентацијата на САД, носи број 10 и синоќа со два гола ги однесе Американците во финале на Голд Куп. А дриблингот што му го направи на Девон Вилијамс од Јамајка е за рипит 20 пати.
Ако Арсенал синоќа ја освоеше Лигата на Европа, Премиер лигата ќе имаше дури пет претставници во ЛШ, бидејќи таму ќе играат Манчестер Сити, Ливерпул, Тотенхем и Челси, вака сосема друг ќе се радува или поточно други.
Шпанскиот репрезентативец Педро досега во кариерата со Барселона, Челси и Шпанија има освоено 25 трофеи меѓу кои и највредните во фудбалот, со што стана единствен во историјата.
Притисокот кој Сари го издржа во текот на сезоната е стварно за раскажување. Секој ден излегуваа наслови со негова смена, со шут-карта, а со неговиот авторитет голманот Кепа проба да брише под. На крај Италијанецот покажа дека е многу голем стратег.
Сините го носат во клупскиот музеј на „Стемфорд Бриџ“ и вториот пехар од Лига Европа, освоен во Баку со моќни 4:1 против Арсенал. Играше Челси убав фудбал за око сите 90 и кусур минути.
Во годината кога Роман Абрамович го купува Челси, 2003-та, Маурицио Сари е на почеток на тренерската кариера и со анонимниот клуб Сансовино го освојува Купот на Италија за екипите од Серија Д.
За 23 минути игра во второто полувреме од финалето во Баку, Челси и Арсенал понудија богата серија на дури 5 погодоци од кои 4 завршија зад грбот на Петр Чех. Челси ја освои Лигата на Европа со головите на Азар, Педро и Жури. Еврогол на Ивоби за публика.
Откако англиските медиуми кои се во Баку објавија видео на кое се гледа вербална расправија меѓу Бразилецот и Аргентинецот, се појави и ново на кое може да се види зошто Игуаин му бил бесен на Давид Луиз.
Европската фудбалска јавност не престанува да плука по УЕФА поради одлуката финалето на Лига Европа да се игра во Баку, главниот град на Азербејџан. Што поради тешката достапност, што поради далечината, што поради ред други работи. Арсенал и Челси вратиле по 6.000 карти назад во УЕФА зошто немало интерес меѓу нивните навивачи да патуваат толку далеку сред работна недела. А карти враќале и спонзорите на УЕФА.
Тензијата меѓу Азербејџан и Ерменија која трае неколку децении придонесе еден од најдобрите играчи на Арсенал и сигурно да го пропушти епското финале на Лига Европа против Челси.
Јирген Клоп како да го запали шкорчето во сноп сено со изјавата дека е неодговорно од УЕФА што едно големо финале на Лига Европа ставила во Баку до каде е многу тешко да се стигне по алтернативен начин. Еден народен писател од Баку му одговори.
Челси против Баерн Минхен во Лига на шампиони. Мурињо суспендиран и нема како да влезе до соблекувална кај играчите пред важниот натпревар. Кабинерот го става во метална корпа за алишта.
Синоќа Арсенал ја згроми Валенсија со 2-4 во Шпанија и со вкупен резултат 7:3 се пласираше во големото финале каде ќе игра против Челси кој на пенали го победи Ајнтрахт Франкфурт после 2:2 по двата меча.
Шпанскиот репрезентативен голман Кепа Аризабалага синоќа беше играч на мечот Челси - Ајнтрахт. Прво за време на регуларните 90 се фрлаше како пантер, а после на клучните решавачки пенали одбрани два и го однесе Челси во големото финале.