Таг: челси

Англиско финале и во Лига Европа!

По апсолутно неверојатните ноќи во Лига на шампиони, и Лига Европа имаше што да понуди. Прекрасен полуфинален фудбал и дури 8 гола на 2 меча од кој едниот се реши на пенали. На крајот, првпат во историјата од една иста земја ќе има ДУРИ 4 финалисти!

Арсенал со победа која ветува финале, Челси ремизираше во Франкфурт

Со двата брзи гола на Лаказет и погодокот на Обамејанг во 90-та минута Топџиите направија целосен пресврт и обезбедија фина предност пред реваншот на Местаља. Челси има позитивен резултат од гости, а тоа значи дека можно е да гледаме лондонско дерби во финалето на ЛЕ.

Луд фото финиш на Валенсија, Арсенал рутински со Наполи

Со три гола и една асистенција на Жоао Феликс, најбараниот млад играч во Европа во моментов, Бенфика го победи Ајнтрахт и му ја прекина серијата од дури 14 меча без пораз.

Самскиот живот на трет резервен голман

Третите голмани тренираат регуларно со екипата и патуваат на натпреварите, иако знаат дека нема ама баш никакви шанси да застанат на голот. Тоа се случува само во ретки случаи кога тимот има криза со повредени голмани.

Како тоа 9 милијарди евра за засилувања?

Во видео од 3 минути ќе дознаете кои клубови трошеле најмногу пари од сезоната 1991/1992 до сега. Бројкиве се фрапантни. Цели земји од типот на нашата може да се вратат во колосек со овие пари.

Дежа Ву голчиште на Вилијан

На 4 ноември Челси играше против Динамо Киев во ЛШ, а вчера се сретнаа во ЛЕ. Вилијан имаше можност да шутира слободен удар на двете средби од речиси идентична позиција. Пронајдете ги разликите. Ние забележавме дека пред 4 години голманот барем се фрлил, а вчера остана како кип.

Кепа Аризабалага се искупи

Челси многу тешко стигна до важни три бода во трката за место во Лига на шампиони, откако со 1-2 славеше кај Фулам попладнево. Победа остварена најмногу благодарение на најскапиот голман на светот.

Магариња на мост

Во мечот во кој Челси со 2:0 го совлада Тотенхем а главна вест беше седнувањето на Кепа на клупа за резерви, Педро и Дени Роуз се однесуваа како деца при еден аут на Азпиликуета во судиското продолжение.

Господин Маурицио Сари со еден потег реши сè

Клучна поента е што Италијанецот го заштити Кепа од реакцијата на навивачите, го испочитува Кабајеро и безболно ја извади целата ситуација со многу важна победа од 2-0 против директен ривал.

Кепа изгледа го заврши своето на голот сезонава

„Се извини на стручниот штаб и на соиграчите, но не беше доволно. Направи голема грешка, но мора да бидеме толерантни. Не сакаме да го убиеме него, клубот има своја позиција. За мечот (со Тотенхем) Кепа можеби нема да биде на голот можеби ќе биде“, изјавил синоќа тренерот Маурицио Сари на прес-конференцијата.

Причините зошто Сари сакаше да го смени Кепа со Кабаљеро

Во Англија, каде нема што не е видено по фудбалските терени, коментаторите на Sky Sports синоќа во чудо констатираа дека не виделе вакво нешто никогаш. Кепа одби да излезе од игра во самиот финиш кога место него требаше да влезе сериозен пеналџија.

Не те вртам 2%, јас ќе бранам

Кога сте виделе последен пат тренер во Премиер лига да прави измена, а играчот да нејќе да му излезе? Па ние не паметиме вакво нешто, а се случи на синоќешното финале од Лига Купот меѓу Челси и Сити. Во маало не проаѓа ова.

Челси доби едногодишна забрана за трансфери

Англискиот премиерлигаш во следните два преодни рока, летниот и зимскиот, нема да може да купува засилувања на трансфер пазарот. Ова е одлука на ФИФА.

Интер игра подобро без Икарди, детето на Челси конечно заигра и даде гол

По очајните игри, случајот со Икарди како да ги подразбуди фудбалерите на Интер кои газат во Европа. Сари попушти под притисок и му даде шанса на малиот Хадсон-Одои кој му врати со убав гол против Малме.

No pyro no party

И покрај ригорозниот правилник на УЕФА на стадион да не смее да се пали пиротехника, навивачите на Малме синоќа пред стартот на мечот со Челси направија фешта.

На секој Челси во гости, 3 дена му се доста

Маурицио Сари денес ќе испуши сто цигари, актуелниот шампион на Англија продолжи да руши рекорди, Челси анти-рекорди, а Серхио Агуеро да твори историја. Тимот од „Стемфорд Бриџ“ е во катастрофална ситуација.

Сари се вади дека не го видел Гвардиола, затоа не се поздравил

Откако Сити со историски 6-0 го демолираше Челси синоќа, по крајот од мечот италијанскиот стручњак тргна кон соблекувалната и додека Гвардиола му пружаше рака, овој само го одмина. После во соблекувални се решил проблемот.

Што спортска среда ќе беше ова?

Се враќаш од работа, навраќаш до кладилна да се пробаш со едно 50че и потоа како ги пратиш утакмиците, така сфаќаш дека 50чето подобро да си го дал за кикирики. Миксот на фини натпревари за играње од Премиер лига и Куп на Италија заврши ужасно лошо.

Џанфранко Ѕола раскажа за дресовите кои ги носел во кариерата

What I Wore се вика емисијата на BT Sport во која легендарни фудбалери заедно со водителот во соблекувална разгледуваат дресови кои ги носеле во минатото. Италијанецот кој се прослави во Челси, Парма и Наполи имаше што да каже од биографијата.

Пред точно 5 години Салах беше во Челси, а Мурињо кажа дека Мохамед бил изгубен човек

Во низата непромислени потези во својата тренерска кариера (Лукаку, Де Брујне, Мата....), најдобриот египетски фудбалер на сите времиња е најголем грев на Жозе Мурињо како тренер на Челси. Ден-денес пробува да се извади за тоа што не го играше Салах.

10 малку познати факти за Гонзало „Пипита“ Игуаин

Аргентинскиот центарфор потпиша договор со Челси и веројатно го направи најголемиот трансфер во зимскиот преоден рок. Што знаеме за него?

Зошто Челси и Тотнем шутираа пенали без да важи правилото за гол на гости

Во реванш мечот од Лига Купот на Англија синоќа Челси дома го победи Тотенхем 2:1 (првиот меч заврши 1:0 за Спарси). Ако некој си легнал по крајот од мечот мислејќи дека Тотенхем оди во финале поради голот на гости, се излажал.

Сеќавање на маестралниот гол на Ѕола за Челси

Џанфранко Ѕола на 35 години, на 16 јануари 2002-ра постигна легендарен гол против Норвич. Италијанецот, кој денес е помошен тренер во Челси, со „Сините“ како играч освои два ФА Купа, еден Лига Куп, еден Супер Куп, Куп на УЕФА и Супер Куп на УЕФА.

На лето фудбалот го остава уште една голема легенда

Чешкиот голман Петр Чех има неколку вселенски достигнувања во англиската Премиер лига. Држи рекорди кои тешко дека во догледно време некој друг голман ќе ги достигне.