Една од најголемите опасности во Бразил се мотори (најчесто кросови) со двајца вооружени момци на нив, кои пресретнуваат обични граѓани по улиците на Бразил и во најдобар случај само ги ограбуваат. Во најлош, на лице место ги убиваат. Заради ова Бразилци не се штедат ни себе ни своите возила во уништувањето на ваквата напаст.
Во Украина, земена како најактуелна војна а не како нечие алиби, сред воена инвазија од една од најголемите светски сили има помалку жртви отколку што во Бразил од почетокот на годинава имало во судирите меѓу полицијата и наркокартелите.
Во понеделникот беше објавено дека бразилската војска купила илјадници вијагра апчиња за своите војници, за еден ден подоцна ова да биде дополнето и со информацијата дека војската исто така купила и импланти за пенис.
Над 90 луѓе загинаа во поплавите и лавините кал кои по масовните врнежи започнаа на ридовите над бразилскиот град Петрополис. Поплавата со себе носела сè од луѓе и возила, до цели куќи. Се очекува дека бројот на загинати ќе продолжи да расте.
Во преседан кој би требало да стане пракса барем еднаш во мандатот на кој било политичар, двајца локални политичари од Бразил префрлањата од Фејсбук ги решија во ММА ринг.
Во бразилското младинско првенство Кариока У-20, мечот меѓу Сера Макаенсе и Карапебус на стадионот „Клаудио Моасир де Азеведо“ бил прекинат во 74’ минута откако надвор од стадионот се слушнале опасни рафални истрели и имало престрелка. Во еден момент бегаат сите, па дури и голманот на Карапебус на кого во тој момент му пружаа медицинска помош поради повреда.
Одамна немало таков волшебник од Бразил, можеби после Роналдињо. Младиот Лукас Пакета со индивидуални акции, соло продори, дриблинзи и асистенции го прави Лион атрактивен за гледање.
Мислевме дека сè сме виделе од атрактивни потези на мундијалските октомвриски квалификации, а сме го испуштиле главниот и тоа на Колумбиец кој уништи двајца Бразилци. Луис Диаз од Порто во дуел со ѕвездите на Јунајтед и ПСЖ, Фред и Маркињос. Ги испрати дома.
Даглас Коста не само што се врати во Бразил, туку и стана капитен на големиот Гремио каде ја почнал професионалната кариера. Оваа некогашна ѕвезда на Јувентус и Баерн Минхен сега е позајмен во Гремио каде постигна сензационален гол!
Легендите на бразилскиот и светски фудбал се меѓу педесетината некогашни тренерски и играчки асови во Доха (Катар), каде ФИФА ќе дискутира неколку прашање меѓу кои и она да се игра Мундијал на секои 2 години. Ама пред дискусијата секој морал да помине ПСР тест, а Рони не го поднесе баш лесно.
Пред мечот Бразил - Аргентина во Ресифе, Лионел им шутира слободни удари на голманите додека се загрева. Во мајтап аргентинските навивачи коментираат дека после тоа што го виделе, Бразилците рекле подобро да не играат со него.
Во квалификациите за Светско првенство 2022 најголемото јужно-американско дерби Бразил - Аргентина не беше прекинато поради некакви нереди или нешто слично, туку од една чудна сцена.
Милан имаше продуктивен преоден рок, во склад со можностите и колку пари толку музика. Во последните часови од трансфер пазарот во Милан дојде фудбалер кој има многу необично минато. Патот кој го изодел е права инспирација за многу луѓе.
Добрите познавачи и носталгичари на италијанскиот и општо европскиот фудбал во првите години по 2000-та, на прва топка ќе се сетат на фамозниот случај „Ериберто“ од Киево, човекот кој за да избега од сиромаштија направил голема измама, па совеста го прогонувала со години.
Во фантастично фудбалско финале на Олимписките Игри, одиграно во Јокохама, Бразил поведе со голот на Куња во 45+2' но Шпанија во 61' минута израмни па мечот се реши во продолженијата.
По големото одбојкарско дерби меѓу светските сили Русија и Бразил, многумина ги заинтересира бразилскиот одбојкар Лукас кој беше еден од двајцата на целиот терен кој не ја спушти маската воопшто.
Во финалето на највредниот фудбалски турнир на Јужна Америка, Аргентина го совлада Бразил со 1:0 и после цели 28 години стигна до драгоцениот пехар по кого Лионел Меси тргнуваше 5 пати од кои 3 пати губеше во финале.
Во последно време повеќе го зборуваат за исценирани фаули, глума и неспортско однесување, ама Нејмар во полуфиналето на Копа Америка против Перу кое Бразил го доби со 1:0 покажа зошто е број 10 во селесао.
Многу често се случува после ждрепките за големите натпреварувања да прочитаме десетина наслови и воведи каде се спомнува „група на смртта“. Од каде проистекнал овој термин?
За 13 јуни е закажана Копа Америка, најголемиот турнир на континентот Јужна Америка, пандан на Европско првенство, но за разлика од Стариот континент, таму е тотален хаос со организацијата.