Таг: арсенал

Лондонско финале во ЛЕ со македонски кандидат за трофеј

Финалната пресметка во Лигата на Европа во Баку може да донесе нов историски момент за македонскиот фудбал, а тоа е наш човек за прв пат да закачи медал на градите од ова натпреварување.

Зошто Западот стално го куди Истокот, па макар и преку фудбал

Јирген Клоп како да го запали шкорчето во сноп сено со изјавата дека е неодговорно од УЕФА што едно големо финале на Лига Европа ставила во Баку до каде е многу тешко да се стигне по алтернативен начин. Еден народен писател од Баку му одговори.

Никогаш не било така - сите четири финалисти од иста земја

Синоќа Арсенал ја згроми Валенсија со 2-4 во Шпанија и со вкупен резултат 7:3 се пласираше во големото финале каде ќе игра против Челси кој на пенали го победи Ајнтрахт Франкфурт после 2:2 по двата меча.

Двете опции на Арсенал за влез во Лига на шампиони

Трката за пласман во елитното натпреварување кое сезонава ни донесе екстра возбудлив фудбал, во Премиер лига е скоро затворена. Прашање е само дали Арсенал ќе успее да влезе како петта англиска екипа, која сепак постојат и теоретски шанси да го симне четвртопласираниот Тотенхем.

Англиско финале и во Лига Европа!

По апсолутно неверојатните ноќи во Лига на шампиони, и Лига Европа имаше што да понуди. Прекрасен полуфинален фудбал и дури 8 гола на 2 меча од кој едниот се реши на пенали. На крајот, првпат во историјата од една иста земја ќе има ДУРИ 4 финалисти!

Колешке, па кај се најде тука баш

Пред реваншот од Лига Европа меѓу Валенсија и Арсенал, симпатичната репортерка на шпанското издание на Гол, Моника Бенавент долу на лице место на теренот доби една топка во глава. Секако случајно додека се загреваа фудбалерите.

Со ваква одбрана не се игра во ЛШ

На последните четири средби против Кристал Палас, Вулверхемптон, Лестер и Брајтон, Топџиите од можни 12 освоија 1, читај само еден бод. На едно коло до крај тие не се математички надвор од ЛШ, каде може да се пласираат и преку трофејот во ЛЕ, ама каде бе со вакви ботови? 4 на 8 не можеа да им ја земат на Брајтон. Мислиш Барса им прави опсада пред гол.

Арсенал со победа која ветува финале, Челси ремизираше во Франкфурт

Со двата брзи гола на Лаказет и погодокот на Обамејанг во 90-та минута Топџиите направија целосен пресврт и обезбедија фина предност пред реваншот на Местаља. Челси има позитивен резултат од гости, а тоа значи дека можно е да гледаме лондонско дерби во финалето на ЛЕ.

Начо Монреал го фатило на сред меч, па морал да оди „по надвор“

Со голот во 36’ минута од мечот, Александар Лаказет го доведе Арсенал во водство и го откажа Наполи од намерата да проба да се врати во игра. Интересен детал од мечот е што бекот на „топџиите“, Начо Монреал во еден момент излегол од терен и го немало цели 5 минути назад. Отишол до тоалет.

За ваков кикс во маало ластици се јадеа

Арсенал синоќа освои многу важни 3 бода во битката за ЛШ и сега е четврт со ист број бодови, но подобра гол разлика од Челси. Победата ја остварија благодарение на несмасниот голман на Ватфорд. Ај бе бегај ја ќе бранам, знаеше да му рече шпицот на голманот за вакви грешки на игралиште во маало.

Луд фото финиш на Валенсија, Арсенал рутински со Наполи

Со три гола и една асистенција на Жоао Феликс, најбараниот млад играч во Европа во моментов, Бенфика го победи Ајнтрахт и му ја прекина серијата од дури 14 меча без пораз.

Сони Плејстејшн акција на Арсенал

„Топџиите“ водат 2-0 на полувреме против Наполи во четвртфиналето на Лига Европа. Првиот гол кој го даде Арон Рамзи беше после фантастична акција од неколку потези.

Од Мустафи до Меси и назад до Мустафи за 10 секунди

Шкодран Мустафи, роден во гостиварско, неколку години игра за Германија и за Арсенал. На мечот против Њукасл во Премиер лига имаше кратка епизода „од Мустафи преку Меси до Мустафи“.

Тргни ми се заби не си измил од сабајле

На Алекс Ивоби изгледа му хукна противник со непријатен здив. Ејјјј ама ме штипна, бегај подалеку.

Лука го исфрли Интер од Лига Европа, Арсенал надмоќен

„Топџиите“ рутински со 3-0 го совладаа француски Рен и се пласираа во 1/4 финале на ЛЕ. Виљареал глатко против Зенит, а во Прага и Лисабон се играа продолженија после кои испаднаа Динамо Загреб и Севиља.

Играчите на Арсенал се загреваа, публиката побара да легнат за пеналот

Додека Пјер-Емерик Обамејанг се спремаше да изведе пенал за 2-0 против Манчестер Јунајтед, крај аут-линијата се загреваа Гендузи, Алекс Ивоби и Суарез. Гледачите од првите редови им бараат да легнат, за да може да го видат пеналот.

Судбината на Чех да брани против клубот кој го лансираше и на кој му најде голман

Арсенал даде гол во 3’ минута на гостувањето кај Рен и потоа прими три од клубот со кој голманот на „топџиите“ е многу приврзан.

Тролачко фото на денот

Имаме четири екипи од Премиер лига и телефони кои биле ин во времето кога станале шампиони. Тотенхем најмногу го изеде и го јаде уште.

Како еден морон со лизгачки старт му ја уништи цела кариера на Абу Диаби

Напален копиљ се спрема да дебитира пред своите навивачи. Тренерот уште толку го остри на 15 минути пред крај: „Влези и покажи од што си скован“. Идиотот влегува во игра и во последните секунди кога е готово, прави нешто што ќе уништи две кариери.

Лига Европа: На ждрепката за Динамо најмногу се израдува Хајдук

По синоќешните натпревари во кои ги дознавме осминафиналистите, попладнево во Нион беше извлечена ждрепка за новата рунда во Лига Европа.

Бројки за БАТЕ од кои Арсенал треба многу да се срами

БАТЕ Борисов го гледавме на Градски за 100-ка во 2012-та кога го елиминираше Вардар во квалификации за ЛШ. Имаат тим кој не вреди ни пола од неделната плата на Озил, а ги победија. Бруки брукосани. Ако не ги тепаат дома минимум 2:0 нека се убијат.

Добро искористени корнери, нема што

Колку треба да си очаен за да изгубиш од БАТЕ Борисов, а се викаш Арсенал најдобар показател се овие два корнери кој од кој полош. Прво Џака лошо нафрли, а потоа Колашинац бетер. Па набаци во шеснаесетник бе, кај ја даваш таму? Очај.

Респект за потегот на Арсенал

Емилијано Сала не стигна да го облече дресот на Кардиф и да дебитира во неговиот нов клуб за кој потпиша договор вреден 17 милиони фунти. Авионот му исчезна во Ла Манш додека патуваше на релација Нант - Кардиф на 21 јануари, но сè уште нема потврда дека е мртов. Топџиите го ставија во програмата за синоќешниот меч меѓу Арсенал и Кардиф. Колку јак гест.

Заборавивте на Венгер? Ене го се појави во музички спот

Арсен Венгер не тренира повеќе од пола година. Го поврзуваа со Баерн наместо Ковач (управата на Баварците демантираше), па со Фулам (Венгер одбил) и во репрезентацијата на Катар.