Таг: антропологија

Северно-американски Индијанец може да стане католички светец

Кој знае како би реагирале генералот Кастер и неговите војници - голем број од нив католици - кога би знаеле дека човек кој стрелал кон нив во битката кај Литл Бигхорн сега може да биде прогласен за светец. Тој пак имал многу поголеми амбиции: спој на сите земски нешта во едно. 

Што е заедничко за сите луѓе? Тоа што раскажуваме приказни

„Еднаш одамна, сонцето и месечината се карале кој ќе го осветлува небото. Откако излегло дека се подеднакво моќни, одлучиле да светат на смени - сонцето преку ден, месечината ноќе“.

Зошто постираме?

Глобален антрополошки истражувачки проект за употребата и последиците на социјалните мрежи, чии наоди се често спротивни на стереотипните демонизирања на овие алатки.

Дали најсреќното време за човештвото е далечно минато?

Идејата не е нова и гласи отприлика вака: современиот живот на западниот човек не е врвот на цивилизацијата, и историски не постои нешто што се нарекува „прогрес“. Западното општество не е магично ослободување, со посредство на технологијата, од ограничувањата на духот и телото. Напротив, можеби е токму спротивното. 

Тајниот живот на нашата коса

Човечката коса е чудна материја, истовремено и отпад и скапоцен производ. На местото каде паднало само едно влакно од главата на Буда е изградена златна пагода - ама ако најдете едно влакно во јадењето, тоа е грозно. Перчиња коса се чуваат и како спомен од бебиња, и како реликвија од умрени. Без оглед дали е фетиш или суровина, косата раскажува многу приказни.

Зошто кешот е најлошиот подарок?

Подарувањето има своја економска логика за која се пишувани цели студии. Но, за вистинската природа на подарувањето, одговорите не треба да ги очекуваме од економистите туку од антрополозите.

„Зборовите поевтинија - ни треба нов јазик!"

Дали е можен „учен активизам" и кои се опасностите од негово сведување само на учество на протести? Како системот ги „вшмукува" и припитомува поединците? Дали интелектуалците треба се вмешаат „меѓу народот", или прво треба да се замислат колку и самите придонеле за инфлација и злоупотреба на термините со кои се служат? Сето ова во интервјуто кое следи.

Усни на усни: антропологија на бакнежот

Teкстов повеќе звучи како нешто што би било соодветно да се објави на „денот на заљубените". Ама за бакнување не ви треба посебен повод, само субјект со кого би си ги допирале усните или триеле носевите, што можеби не е баш бакнеж, но според антрополозите е подеднакво важно „бакнувачко однесување".

Aлгоритми наспроти човечка проценка

Кевин Спејси има изјавено дека кога Нетфликс му пристапил за улога во „Куќа на картите" тие не му се лигавеле колку добар актер е тој, туку едноставно го информирале дека „според нивната анализа, публиката би ја гледала оваа серија". Таму каде што завршуваат компјутерските анализи, почнува да работи антрополог.

„Светлина на работ од светот" од Вејд Дејвис

Книга на антрополог и ботаничар кој патува низ светот и ги истражува билките кои се користат како психоактивни супстанци во различни култури. Со некои од нив и самиот експериментира - за некого тоа е контроверзно, за други токму тоа е основа да имаат доверба во она што го зборува.